СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (36) и Ф.А. (24), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. На 10.02.2017 година околу 06.50 часот во казино во Охрид, откако пријавените го забележале С.С. (54) од Охрид дека ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други, и при влез во казиното физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди.
повеќе...Tag: казино
Охриѓанец претепан и ограбен при влегување во казино
На 10.02.2017 година во 07,25 часот телефонски во ПС-Охрид, С.С.(54) од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде. А.Ф. му рекол или да му даде пари или ќе го истепа, а потоа заедно со Ф.А. го фатиле за рацете и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата, воедно А.Ф. му зел 10.000…
повеќе...Стружанец прободен со нож пред казино во Струга
Утрово околу 02:30 часот во Струга на ул.„Нико Нестор“ во непосредна близина на казино дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата М.И. (19) и Д.Ш. (37), двајцата од с.Радолишта-струшко. Истите започнале расправија во казиното, по што ја продолжиле надвор од објектот. Во еден момент Д.Ш. со нож го прободел И.М. во пределот на левата страна од телото, а потоа го напуштил местото на настанот. Од страна на екипа од ИМП, И.М. бил пренесен во МЦ-Струга, каде му била констатирана тешка телесна повреда и истиот бил задржан на…
повеќе...Охриѓанец починал во казино во Струга
Вчера околу 22:50 часот во Полициската станица Струга вработена во казино „Слот“ во Струга, пријавила дека Ј.М.(54) од Охрид, играјќи на еден од апаратите наеднаш паднал на подот во безсознание. Истиот со возило на итна медицинска помош пренесен во Медицинскиот центар-Струга каде што е констатирана смрт без траги на насилство.
повеќе...Во Шуто Оризари откриено нелегално казино
Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М.(64) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“. Пријавениот како физичко лице, во текот на 2015 година во точно неутврден временски интервал, во објект во општина Шуто Оризари, поставил 14 автомати и неовластено приредувал игри на среќа со ставање во функција на автоматите, без притоа да ја поседува потребната лиценца од Министерство за финансии. На 12.11.2015 година, по претходна пријава за…
повеќе...HACCP презентиран и пред претставниците на казината и бањските лекувалишта
Во соработка со претставници од детските градинки, угостителите, хотелиерите, казината и бањските лекувалишта, неделава, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, се одржаа деветнаесеттата и дваесеттата работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти. Со последните две работилници, на кои присуствуваа над 300 лица, со основите на HACCP системот за безбедност на храната, важноста од негово имплементирање и одржување, се запознаа операторите од Гевгелија, Дојран и Богданци. Работилниците кои се одржаа неделава во овие населени места, се дел од Акцискиот план на Агенцијата за храна и ветеринарство…
повеќе...