Со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај, во Охридското Езеро се поставуваат бови на потегот од Радожда до Св. Наум. Бовите се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите се поставуваат на целата брегова линија. На број ги има 32 и се разместени од Радожда до Св. Наум. Истите служат да се обележи просторот на кој може да се глисира или да се вози со поголема брзина, а во исто време педалините и останатите реквизити за забава на вода…
повеќе...Tag: капетанија
Од утре ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата
Од утре почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот. Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски најави промени околу движењето на пловните објекти, но за тоа конкретно откако ќе заврши обележувањето. „По обележувањето ќе следат промени во режимот на пловидба, но конкретно ќе се знае кога ќе заврши обележувањето“,…
повеќе...Јанакиески: Проектите на Капетанијата се одвиваат според предвиденото
Проектите што ги реализира Капетанијата на пристаништата преку Министерството за транспорт и врски се спроведуваат според предвидената динамика, оцени денеска ресорниот министер Миле Јанакиески. На состанокот во Капетанијата тој информираше дека биле разгледани акциските планови за седум проекти, кои се во надлежност на Министерството. Посочи дека во изработка е проектна програма за пешачката патека од пристаништето до плажата Лабино, а во овој проект спаѓа реконструкција на пристаништето и означување на пловните патишта. „Согласно програмата, очекуваме во тек на 2015 да заврши проектирањето, потоа следува јавен повик за градба и реализација…
повеќе...Концесионерите на плажите мора да работат согласно законските прописи
Надлежните служби од општина Охрид заедно со претставници од локалниот и државниот инспекторат, Управата за јавни приходи, Капетанијата, Црвен Крст и МВР, денес во зградата на Локалната самоуправа одржаа координативен состанок со концесионерите на охридските плажи. Целта на средбата беше да се укаже на обврските кои концесионерите ги имаат согласно потпишаните договори за закуп односно почитување на јавниот ред и мир, поставување на урбана опрема на утврдена површина, почитување на работното време, уредно обележување на капалиштата, димензионирање на бројот на спасители зависно од големината на капалиштето, соодветен пристап на пловните…
повеќе...