Премиерот Груевски на Велгденска миса во католичката црква

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вечерва присуствуваше на Велигденска воскресна миса во католичката црква „Пресветово Срце Исусово“ во Скопје. Во присуство на голем број верници, со Велигденската миса служеше бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. „Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија да Ви го честитам христијанскиот празник Велигден. На овој ден сите христијани се присетуваат на пораката испратена со Христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста…

повеќе...

Велигденска честитка од градоначалникот Бакрачески до католичките верници

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до граѓаните со католичка вероисповест. „Најискрено Ви го честитам празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден, денот на Христовото Воскресение и Ви посакувам да го прославите во добро расположение,здравје, среќа и семејна хармонија. Во овие празнични денови исто така ви посакувам благосостојба, добра мисла и соживот на сите луѓе, без разлика на нивната етничка, религиозна или каква било друга припадност“ – стои во велигденската честитка на градоначалникот Никола Бакрачески до католичките верници.

повеќе...

Воскресение Христово – Велигден (католички)

Христијанските верници од католичка вероисповед денеска го празнуваат големиот празник Воскресението Христово – Велигден, денот кога Исус Христос, според верувањата воскреснал од гробот. Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици…

повеќе...

Понеделник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 април 2015 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

повеќе...