Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ … Во Aмбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, синоќа беше отворена изложба на Ликовната колонија „Куманово“. Посетителите на оваа изложба, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, имаа исклучителна можност да видат осумнаесет ликовни дела потпишани од врвни светски имиња, како Денис Боувен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија, како и од академски…
повеќе...Tag: колонија
Отворена 10-та меѓународна уметничка колонија на ликовни уметници во организација на здружението „Драудакум“
На 24-ти јуни, Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи ја отвори 10-та Меѓународна колонија на ликовни уметници која традиционално се одржува во Гостивар, во хотелот Панорама, во организација на здружението на ликовни уметници „Драудакум“. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници од околу 15 земји, притоа заблагодарувајќи се на претседателот на здружението, Решат Ахмети за вложениот напор и ентузијазам. Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите културни настани, чија цел е афирмација на сликарството не само во…
повеќе...Свечено отворена 31-та Интернационална уметничка колонија во Белчишта
Синоќа во с.Белчишта свечено беше отворена 31-та Интернационална ликовна колонија. На истата присуствуваа голем број посетители, при што имаа можност да погледнат над 600 галериски дела кои се создавале низ годините од кога е создадена Ликовната колонија. Уметничката колонија во Дебрца своите почетоци ги бележи од 1985 година и со текот на времето прераснува во Интернационална колонија. Годинава на ликовната колонија учествуваат уметници од Турција, Бугарија, Словенија и Македонија. „Овие мигови во предвечерјето на еден нов почеток се од посебно значење за културниот развој на Општина Дебрца, мигови кога започнува уште…
повеќе...По 20-ти пат ќе се одржи галичка книжевна колонија
И годинава во прекрасниот Галичник од 7-ми до 9-ти август, по дваесетти пат ќе се оддржи традиционалната Галичка книжевна колонија, која има и меѓународен карактер. Во рамките на книжевната колонија ќе се одржат повеќе литературни приредби, поетски читања, чевствувања и промоции, како и симпозиум на тема „Од што се прави поезијата“. Управниот одбор на Здружението за литература, култура и уметност Галикул, во годинешната програма ги вклучи писателите: Венко Андоновски, Елена Пренџова, Пере Ристески, Владимир Мартиноски, Весна Мојсова- Чепишевска, Јовица Тасевски-Етернијан, Соња Стојменска- Елзесер, Ферид Мухиќ, Димитар Пандев, Радован Павловски, Тодор…
повеќе...