До пет нови дестинации во Европа за 20 до 30 евра

По цена од 1.799 денари (30 евра) од 30 јуни годинава нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота. По таа цена македонските граѓани од 29 јуни ќе може да патуваат и од Скопје за Осло. Покрај тие две дестинации, согласно договорот на македонската Влада за субвенционирање нискобуџетни летови, „Визер“ воведува дестинации од аеродромот „Александар Велики“ до Хамбург и до Нирнберг секоја среда и недела од 1 јули годинава по цена од 1.499, односно 1.199 денари. За Фридрихсхафен, исто така од крајот на јуни „Визер“…

повеќе...

Џери Наумоф: Аутсорсинг компанија ќе вработи 1000 млади лица

Се финализира постапката со голема меѓународна фирма која работи во областа на аутсорсинг на бизнис процеси и која јавно котира на берзата во Њујорк. „Оваа компанија ќе создаде околу 100 нови професионални работни места. Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик,“ подвлече министерот без ресор за странски инвестиции Џери Наумоф на отворената владина седница. Платата ќе биде многу добра, додаде тој и истакна дека за вработените ќе следат 10-недлени платени обуки. Oд компанијата се надеват дека со ангажирање и обука на вработените…

повеќе...

Самак: Американска компанија од автoмобилскиот сектор ќе инвестира во Македонија

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак за МРТ истакна дека нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. „При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија,“ изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.

повеќе...

Австриски компании анализираат инфраструктурни проекти во Македонија

Австриски компании од градежништвото и инфаструктурата денеска на бизнис форум во Скопје се запознаа со можностите за вклучување во патните и железнички инфраструктурни проекти во Македонија. Пред претставници на седум компании од Австрија тековните и идните градежни активности ги претстави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиeски, а нивните планови за соработка ги слушнаа 40-ина претставници од 28 домашни фирми. Според министерот Јанакиески, бизнис форумот е одлична можност да се презентираат тековните и идните градежни активности и проекти во Македонија и да се дискутира за можностите за учество на австриски…

повеќе...

Македонските компании општествено одговорни, има простор за унапредување

Македонските компании се општествено одговорни и во последните 10-тина години има позитивни примери, но може да се направи повеќе во оваа насока, сметаат експертите кои денеска во Скопје дебатираат на оваа тема. На меѓународната конференција учествуваат претставници од 20-тина држави кои разговараат за тоа како да се унапреди општествената одговорност и како бизнис секторот во партнерство со јавниот сектор може да придонесе за одржлив развој. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, општествената одговорност треба да се развива бидејќи таа е еден дел од креирањето позитивен имиџ за компаниите и…

повеќе...

Турска компанија избрана за реализација на проектот за модернизација на патарините

Изградбата и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, како и инсталација на електронскиот систем за наплата на патната такса ќе ја врши турска компанија. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, станува збор за компанијата „Аселсан“ која е избрана како најповолен понудувач за реализација на овој проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Новиот систем за елелктронска наплата на патарините треба да биде завршен и ставен во функција 18 месеци по потпишувањето на Договорот со компанијата што треба да се случи наредните недели. Со изведбата на овој проект…

повеќе...

Чешка и Македонија ги отвораат вратите за бизнис соработка на компаниите од двете земји

Премиерите на Македонија и Чешка, Никола Груевски и Бохуслав Соботка, преку бизнис форум во Прага, испратија порака дека вратите за македонско-чешка економска соработка се ширум отворени. Груевски и Соботка, се согласни дека има голем потенцијал за економска соработка во двете насоки. Сметаат дека недвосмислената политичка поддршка за Македонија од Прага, треба да се предочи и во економијата. Двајцата премиери го отворија Бизнис форумот за трговски и инвестициски можности на чешките компании во Македонија, на кој присуствуваа претставници на повеќе од 50 компании. „Чешка и Македонија имаат особено пријателски односи кои…

повеќе...

Руска „Гришко“ со втора инвестиција во Македонија, нови 160 до 200 вработувања

Нови 160 до 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика што ќе ја гради руската компанија „Гришко“. Ова е втора инвестиција на руската компанија во Македониjа по првата фабрика за обувки за модерни танци што ја отвори во демирхисарското село Слепче. Сопственикот на компанијата Николај Гришко денеска по средбата со премиерот Никола Груевски најави дека кон крајот на октомври очекува да почне реконструкцијата на објектот каде ќе биде сместена новата фабрика, а веќе од почетокот на идната година таа да профункционира. Тој изрази задоволство од поволната бизнис клима…

повеќе...

Министерот Јанакиески се сретна со претставници на кинески компании

Претставници на повеќе кинески компании заинтересирани за изградба на инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура и на Кинеската меѓународна асоцијација за градежништво се сретнаа со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. На средбата се разменети мислења и информации за поголем број инфраструктурни проекти и опциите и перспективите за нивна понатамошна имплементација, соопшти Министерството за транспорт и врски. Министерот Јанакиески ги потенцирал добрите политички односи, како силна гаранција за промоција на билатералната економска и трговска соработка. Укажал дека Македонија е подготвена да ги искористи сите отворени можности за понатамошна…

повеќе...

Германската ОДВ електрик во Охрид и американската КСС во Кичево на есен почнуваат со работа

Германската ОДВ електрик во Охрид и американската КСС во Кичево на есен почнуваат со работа. И двете компании кои пролетва најавија инвестиции во Македонија до крајот на овој месец ќе завршат со адаптација на објектите и ќе ги монтираат машините. Првата група работници кои заминаа на обука во Украина се враќаат до септември кога ќе стартува производството, вели во изјава за економски.мк првиот човек на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Овие две компании произведуваат автомобилски делови и ќе вработат околу 2000 луѓе во охридско-кичевскиот регион. Германската компанија најдоцна…

повеќе...