Забранет сообраќајот на локалниот пат Кратово – Каврак поради обилни врнежи од снег

Според ДЦС МВР, регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила. На локалниот пат Кратово-Каврак забранет е сообраќај поради обилни врнежи од снег. Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово. Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. Како последица на последните снежни врнежи во прекин е сообраќајот кон селата: Ехлоец,…

повеќе...

За 1,5 година електронска наплата на патарини на Коридорот 10

За година и половина наплатата на патарините долж Коридорот 10 треба да се одвива комплетно електронски преку бесконтактни смарт-картички и микробранови транспондери со кои возачите ќе можат да поминуваат со намалување на брзината на движење без застанување. Инвестицијата од 18,7 милиони евра во модернизација и воведување електронски систем на наплата на патарините ќе ја реализира турската компанија „Аселсан“. Договорот го потпишаа денеска потпретседателот на „Аселсан“ Суад Бенгур и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за…

повеќе...

Турска компанија избрана за реализација на проектот за модернизација на патарините

Изградбата и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, како и инсталација на електронскиот систем за наплата на патната такса ќе ја врши турска компанија. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, станува збор за компанијата „Аселсан“ која е избрана како најповолен понудувач за реализација на овој проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Новиот систем за елелктронска наплата на патарините треба да биде завршен и ставен во функција 18 месеци по потпишувањето на Договорот со компанијата што треба да се случи наредните недели. Со изведбата на овој проект…

повеќе...