Поради магла намалена видливоста кај Крушево и на Пресека

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Маврово, но засега не се задржува на коловозот, додека во југозападниот дел од републиката врне дожд. Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има во Крушево и на планинскиот премин Пресека. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово –…

повеќе...

Врнежи од снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Снежни врнежи има на Кула, Плетвар, Буково, Пресека како и во Маврово, Крушево, Кичево, Тетово, Крива Паланка, Попова Шапки и Павлешенци, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Проект за санација на црквата „Св Јован“ во Крушево

Во изминатиот период е забележано пропаѓање на површината под овој значаен објект од сакралната архитектура со што е загрозен вредниот иконостас кој пленува со својата грандиозност и копаничарска изведба во плитка резба. За таа цел, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Прилеп изработија проект и започнаа со санација на површината. Во рамките на активностите што се преземени досега во согласност со проектот, поставена е армирано бетонска греда со што ќе се спречи понатамошното пропаѓање, односно тонење на подлогата под иконостасот. Проектот за санација на…

повеќе...

Целосна обнова на ентериерот на Галеријата на Мартиноски, лоцирана во Крушево

По изборот на фирмата која ќе ги реализира работите, ќе започне целосната обнова на ентериерот на Галеријата на Никола Мартиноски, лоцирана во Крушево, проект кој е предвиден во Програма на Министерството за култура … Во објектот каде е презентирано исклучително вредно ликовно наследство создадено од основоположникот на македонската ликовна уметност, до крајот на годината предвидено е да се реализира ентериерното тековно одржување на ѕидовите, обнова на електричната инсталација, замена на алармниот систем, како и замена на металната ограда на приодните скали. Исто така, освен целосната обнова на внатрешноста, предвидено е…

повеќе...

Министерството за култура ја доби наградата „8-ми Септември“ од општина Крушево

На Министерството му е доделено признанието за неговиот придонес во унапредувањето на културата и на условите за развој на туризмот во Крушево, кој оваа година ја носи и титулата „Град на културата во Република Македонија“. Одлуката ја донесе Советот на општината, а наградата и беше врачена на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од страна на градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски, на свечена седница. Министерката Канческа-Милевска истакна дека наградата е големо признание за заложбите на сите во Министерството за култура во изминатиот период за промоција на културно-историските знаменитости на Крушево и за збогатување…

повеќе...