Заштитните огради околу кружните текови – згодни за префрлање

Нови кружни текови во Охрид – нови проблеми плус за возачите. Си возите така и оп… луѓе! И тоа на средина од кружниот тек. Што ли бараат на самиот кружен тек!? Очигледно дека нашите сограѓани тешко може да го заборават тоа што било семафор со пешачки премини, па по навика си префрлаат на старите, сега веќе непостоечки пешачки премини. Оние кои ги осмислиле овие заштитни огради во Охрид очигледно ја утнале работата. Само за споредба, еве какви се оградите на кружните текови во Скопје и Прилеп: WebOhrid

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи работилница „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“

Утре (16-ти декември) и задутре (17-ти декември), во Охрид, во организација на МВР, МАРРИ Регионалниот центар и центарот за безбедносна соработка ќе се одржи Регионална конференција посветена на „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“. Предвидено е утре на официјалното отворање на конференцијата (во 09,00 часот) свое воведно излагање да има државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска.

повеќе...