Општината ќе поддржи низа културни случувања во Охрид

Со цел да се укаже на значењето на културните вредности  кои се наша  придобивка  и како такви  мора  да ги негуваме, Општина Охрид и годинава  застанува односно  финансиски поддржува  низа културни манифестации кои  се  одржуваат во Охрид. Меѓу културните настани кои  во наредниов летен период  не очекуваат а зад кои застанува Општина Охрид се,културно забавното лето во Трпејца „На зајдисонце“, традиционалната вечер на Живко Чинго, фестивалот на ново компонирани народни песни „Песна на летото“, Поетската ноќ во Велестово , Илинденскиот марш , фестивалот „Охридски Трубадури“, Фестивалот на духовна музика и…

повеќе...

Учесниците на фестивалот „Разиграно оро“ на прием во Општина Охрид

Претседателката на советот на Општина Охрид, Гордана Коњаноска  и  заменик градоначалникот, Ангел Јанев  денес во зградата на Локалната самоуправа ги примија  учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал “Разиграно оро“ што од 30 јуни до 3 јули се одржува во Охрид. Претседателката на советот, Гордана Коњаноска   на  учесниците  на фестивалот од Русија, Полска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Бугарија, од свое и од име на градоначалникот Никола Бакрачески им посака и преостанатите  фестивалски денови да им бидат успешни со  многу дружење и пријатен престој во Охрид. На средбата беше…

повеќе...

Концерт на „Нокаут“ на охридскиот плоштад – како дел од манифестацијата „Бело лето“

Овој петок на 4 јули, во организација на Општина Охрид, со промоција на традиционалните занаети на малиот плоштад  и официјално ќе започне овогодинешната манифестација „Бело лето“ веќе позната по специјалната понуда и незаборавната забава која полека, но сигурно станува препознатлив бренд  за одбележување на почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.    Централниот настан на годинешната манифестација ќе биде спектакуларниот настап со самостоен концерт на момците од групата „Нокаут“, кои пред охриѓани и нивните гости на плоштадот во Охрид ќе го претстават нивниот албум, но и ќе ги исвират нивните…

повеќе...