Синоќа во селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 26-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“. Пред присутните во свое и од име на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев, кој се осврна на делото на Живко Чинго „Познавачите на делото на Живко Чинго порачуваат дека:една од главните особености на чинговата проза е симболиката. Ако сакаме да ги осознаеме идеите на Чинго, во прозата која ја пишувал мора да навлеземе во неговиот свет, кој навидум бил имагинација, замислен, но го…
повеќе...Tag: манифестација
Членови на охридскиот литературен клуб учествуваа на поетска манифестација во Куманово
Членови на литературниот клуб „Григор Прличев“ при НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од 30-ти јули до 1-ви август учествуваа на традиционалниот поетски митинг во Куманово. Од литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид, во Куманово гостуваа Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Трифун Ѓорѓиески. Додека во Монографијата која ја објавуваат кумановските поети, се објавени творби на уште четворица членови на литературниот клуб „Григор Прличев“, Диелза Речи, Лидија Стефановска, Маја Мојсова и Гоце Ѓоршовски. Во монографијата покрај песните на поетите од останатите македонски градови, се објавени и следните творби, на членови на литературниот клуб…
повеќе...Настан за паметење во Елшани
„Илинденската вечер во Елшани“ која по првпат се организираше за време на големиот македонски празник, ќе остане запаметена по многубројните спортски и културни настани, како и по сенародната масовна фолк забава која траеше до доцна по полноќ. Организаторите успешно го реализираа замисленото: со турнирот во мал фудбал на кој учество зедоа елшански, охридски и скопски екипи и за чие финале се обезбедија голем број награди. Со изложбатат на фотографии во импровизираната галерија кај Клајнецот каде авторот Танче Ламбески низ еден фото времеплов ги потсети посетителите роднокрајни елшански обичаи и традиции,…
повеќе...Отпочна „Илинденска вечер во Елшани”
Синоќа, со финалниот натпревар на турнирот „Илинден 2014“, отпочнаа празничните чествувања, овојпат зацртани со културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани”. Имено, по неколкудневни спортски и фудбалски натпревари, a пред неколку стотини посетители, со интонирање на македонската химна отпочна и се одигра финалето меѓу екипите на „Лева Патика“ и “Чанди компани”. Победници на турнирот станаа „Лева патика“ откако го добија финалето со 6:2. Посебно за паметење од овој настан беше и одбележувањето на 5-годишнината од формирањето на здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ – Елшани, чиј претседател, проф. Димче Донески во…
повеќе...Започна пријавувањето за манифестацијата „Охридска софра“
На ден 23. 08. 2014 (Сабота) во с. Скребатно ќе се одржи Манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува извонредна можност за граѓаните, гостите и посетителите да се запознаат со богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ. Како главни активности на оваа манифестација ќе бидат промоција на традиционални јадења и пијалоци и подготовката на традиционалното ѓомлезе кое ќе има натпреварувачки карактер, а за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина. Учесниците ќе имаат…
повеќе...За првпат „Илинденска вечер во Елшани“
Годинава, на 2 август, по повод верско-националниот празник Илинден, во Елшани за првпат се организира културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Како што велат од организациониот одбор при МЗ на с. Елшани, според зацртаната програма планирано е со свое учество настанот да го одбележат млади музички таленти, роднокрајни фотографи, културно-уметнички друштва, фолк пејачи, како и реномиран патувачки театар од Скопје. „Намерата на организациониот одбор е преку оваа манифестација да го промовира и етаблира Елшани на културната и туристичката мапа на Македонија. Искрено се надеваме и веруваме дека манифестацијата „Илинденска вечер…
повеќе...Започна манифестацијата Топол културен бран
Од денеска македонските граѓани и туристите од регионот ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе од 160 настани во рамките на седмото издание на манифестацијата „Топол културен бран“ која се одвива во две етапи, и тоа од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август. Оваа манифестација за дисперзија на културата во изминатите години наиде на голем прием кај граѓаните во сите општини во Република Македонија и, несомнено, го потврди интересот за реализација на повеќе културни настани во текот на летниот период. Според програмата на оваа значајна културна…
повеќе...Втор ден „На зајдисонце“- денес резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска
Во рамките на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ Културно – забавната манифестација во Трпејца „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ која започна на 20ти, а ќе трае до 28 овој месец вториот ден е резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска. Активностите ќе започнат во 16:00 часот со работилница за изработка на креации на бисерните камчиеа од брегот на Трпејца кои потоа ќе бидат продавани, а дел од средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели во Црвен крст Охрид. Центалниот настан преку мултимедијален перформанс ќе започне во 20:00 часот во месноста наречена „Кај бунарот“.…
повеќе...Започна третото издание „На зајдисонце“ во Трпејца
Од вчеравечер Трпејца пулсира со третото издание на културно – забавната манифестација НА ЗАЈДИСОНЦЕ. На отворената сцена „Кај бунарот“ во присуство на неколлку стотици гости и жители од Трпејца во името на покровителот Општина Охрид и во името на градоначалникот Никола Бакрачески манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска. „Се радувам со фактот што локалната самоуправа е покровител на една ваква манифестација која е доказ за потребата од дисперзирање на културата и во другите средини освен големите градови и дека е таа добредојдена, со радост и…
повеќе...Од недела „На зајдисонце“ во Трпејца
Од 20 до 28 јули Трпејца ќе биде домаќин на Културно – забавната манифестација „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Со својот ненаметлив концепт и бесплатните приредби и активности интересни за сите генерации таа е широко прифатена во јавноста, а оценките се повеќе од позитивни. . По чинот на Свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“ ќе биде промовирана химната на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ во изведба на „Распеани ѓерданчиња“. Истата вечер ќе биде отворена изложбата под наслов: „Далеку,а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска. Младите сопружници фотографиите од Трпејца,…
повеќе...