Кривична пријава за „криумчарење мигранти“

На 21.10.2017 година околу 20.45 часот на Граничен премин „Богородица“, полициски службеници во содејство со царински службеници, при контрола на товарно возило „Рено“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.А. (45) од Република Грција, откриле група од 13 илегални мигранти од Ирак. Мигрантите биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел од приколката, веднаш зад кабината од возилото. Регионалниот центар за гранични работи Југ при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал Скопје, поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за…

повеќе...

Кај лице од с. Лојане пронајдени 35 мигранти

Во текот на 23/24.09.2016 година по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од с. Лојане, при што во помошна просторија-штала биле пронајдени 35 мигранти. За време на претресот сопственикот не бил присутен, а додека во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18). Освен мигрантите пронајдени во помошната просторија во с.Лојане…

повеќе...

Иванов: Нашите институции се подготвени за можен втор бран на мигранти

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, во придружба на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница. Претседателот Иванов посочи дека нашите безбедносни сили се подготвени за евентуален втор мигрантски бран. „Иако Балканската рута е затворена неколку месеци, Армијата констатира зголемен број илегални минувања на државната граница и појава на криумчарење мигранти преку нашата територија. Армијата заедно со полицијата имаат спречено 18.000 илегални преминувања”, истакна претседателот Иванов. Зачестено е и уништувањето на заштитната ограда.…

повеќе...

Приведен возач на камион кој превезувал мигранти

Денес околу 06:00 часот од страна на УПС од ПС за ГН„Белановце“, на локалниот пат од с.Речица-с.Ваксинце, при кaонтрола на ТМВ„Волво“ со скопски регистерски ознаки а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок. Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Откриени измами и мигранти и запленети девизи, цигари, техничка стока, додатоци на исхраната и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија 2 царински измами, двајца илегални патници и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, паметни часовници, музички уреди, кожни столици, додатоци на исхраната и сликарски бои. Задржана е следната стока: Девизи – 15.000 евра откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во преден десен џеб од панталоните на возачот се пронајдени 25.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 10.000…

повеќе...

Приведени 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија

Изминатите 24 часа, македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија. Мигрантите се сместени во претприемниот шатор на Прифатно-транзитниот центар Гевгелија (ПТЦ). Откако од Министерството за внатрешни работи ќе завршат со проверките, мигрантите ќе бидат вратени на грчка територија. Во ПТЦ Гевгелија сè уште престојуваат стотина мигранти кои останаа заглавени откако за нив се затвори балканскиот коридор. Извор: meta.mk

повеќе...

Oбид за насилен и организиран илегален влез на мигранти на територијата на Македонија

Денес по претходно добиени сознанија дека околу 09.00 часот на ГК 59 можно е да дојде до протести и обид за насилен и организиран илегален влез на мигранти на територијата на Република Македонија, беа преземени мерки за засилено обезбедување на државната граница кон Република Грција.Преземените мерки вклучуваа и засилено присуство на припадниците на МВР и АРМ на Република Македонија како и на странските полициски службеници од Унгарија,Чешка,Србија,Словенија, Хрватска и Австрија распоредени на територијата на Република Македонија,чии активности се поддржани во рамки на ЕУ специјалните мерки за поддршка на Република Македонија…

повеќе...

Македонија доби хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со Анжелина Тотева началник на политичкиот кабинет на премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов во присуство на Н.Е Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, и на Рајчо Жељазков советник за економски прашања во амбасадата на Република Бугарија во Македонија при што ја прими донацијата во хуманитарна помош од Бугарија наменета за мигрантите кај Табановце. Министерката Ташевска-Ременски срдечно се зблагодари за донацијата која е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а е во соработка со бугарскиот…

повеќе...

Иванов: Мора да се стави крај на политичката криза и на погубната политичка поделеност во Македонија

„Испраќање јасна порака дека мигрантските коридори се затворени, создавање услови за мир и стабилност и одржлив економски развој во земјите на потекло, како и примена на заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција се неопходни за решавање на бегалската криза“, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешната конференција „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза”. Претседателот Иванов во своето обраќање во Македонската академија на науките и уметностите порача дека освен предизвик, мигрантската криза е и можност за…

повеќе...

Во текот на вчерашниот ден нема издадeно потврди на странски државјани

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 20.03.2016 година, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 20.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на…

повеќе...