Канческа-Милевска се сретна со Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на СВП 2016

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска се сретна со канадската поетеса Маргарет Атвуд, добитник на „Златниот венец“ на овогодинешното 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Таа и ја честиташе оваа, како што рече, голема награда и посочи дека и е драго што со добивањето на „Златниот венец“ на СВП канадската поетеса Атвуд влегува во домот на најголемите бардови на светската поезија. „Делата на Маргарет Атвуд, нејзината страствена сугестивна поезија е автентична и исклучително богата. Атвут е исклучителна појава во светската поетска историја, еден поетски глас, една генерација…

повеќе...

Промоција на ЦД со изворни песни во издание на „Смитсониан“

Во Скопје денеска беше промовирано аудиоизданието „Играј до последен здив“ кое содржи 17 традиционални македонски изворни песни објавени од издавачката куќа Smithsonian Folksways Recording. Таа е во состав на престижниот национален музеј „Смитсониан“ во Вашингтон чија мисија е собирање, заштита, афирмација и ширење на наследството од различни култури. Цедето беше промовирано минатата година во Македонскиот културен центар во Њујорк, а сега и пред македонската јавност и во присуство на продуцентот и етнограф Мартин Кејниг од американскиот музеј „Смитсониан“ кој ги снимил материјалите во 1960-тите години. Пред 50 години тој дошол…

повеќе...

Нови 12 дела од македонски автори ќе се преведуваат во странство

Уште 12 дела на македонски автори ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи. Ова го одлучи стручната комисија по разгледувањето на 18 апликации пристигнати на Конкурсот на Министерството за култура за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи, една од стимулативните мерки предвидени во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година. Резултатите од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од страна на странските издавачки куќи денеска на прес-конференција ги презентираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска,…

повеќе...

Изложба за Мајка Тереза во септември во Рим по повод нејзината канонизација

Изложба на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза, ќе се одржи во септември во Рим, а ќе ја реализираат Министерството за култура и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. „Низ повеќе од 70 експонати подредени во неколку тематски целини ќе биде прикажано Старо Скопје, детството и младоста на Мајка Тереза поминати во родниот град, преминот од Гонџа во сестра Тереза, мисионерската работа,позначајните награди, нејзината смрт и беатификацијата. Во рамки на изложбата ќе биде прикажан и документарниот филм „Тереза и јас“ во режија на…

повеќе...