ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…

повеќе...

Честитка од Груевски по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски до сите граѓани упатува честитка по повод празникот 11 Октомври – Денот на народното востание . Почитувани граѓани на Република Македонија, Mи претставува особена чест и задоволство од името на ВМРО-ДПМНЕ и од мое лично име да Ви го честитам 11-ти Октомври – Денот на Народното Востание. Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна…

повеќе...

Празникот Илинден одбележан во „Св. Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес традиционално се одбележа во манастирот „Св.Илија“ на планината „Илинче“ во селото Мешеишта. Голем број на верници палеа свеќи и се помолија за здравје и среќа. На присутните верници им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика до попладнените часови. Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Во тек е фрескописот на храмот „Св.Мино“ во Горно Коњско

Во тек е фрескописот на храмот „Св.Мино“ во охридското село Горно Коњско. Финансиските средства за оваа намена се обезедени од локалното население. „Хрaмoт „Св.Минo“ вo Горно Кoњскo кaкo мoлитвен дoм oстaнa дa сведoчи зa жителите нa Кoњскo кoи дo 1985/6 година го нaпуштијa Горно Кoњскo и се преселијa вo Долно Кoњскo. Нo, кaкo вистински верници не гo зaбoрaвија нивниoт мoлитвен дoм вo кoгo се крстени и венчaни. Денес верниците oд Долно Кoњскo дoнирaaт зa истoимениoт хрaм зa дa биде целoснo фрескoписaн. Според средствата ќе биде и динамиката на работата. Секoј дoбрoнaмерник…

повеќе...

Груевски: Авиолиниите Охрид – Лондон и Охрид – Базел стартуваат летово

Авиолиниите од Охрид до Лондон и до Базел стартуваат летово, објави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Охрид. „Туризмот на годишно ниво со над 1 милион евра го помагаме и со субвенции за тур-операторите за привлекување странски туристи кои важат за над 15 земји од светот. Тука секако е и проектот за финансиска поддршка на евтините авиолетови со кој набрзо и Охрид ќе добие две евтини авио линии до европски метрополи. Линијата Охрид – Базел стартува летово, а во соработка со општината летово започнува и…

повеќе...

Груевски: Интензивни инвестиции во Охридската, Кичевската и болницата Свети Еразмо

Целосна реконструкција, адаптација и доградба на објектот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, најави премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Охрид. За ова, според него, ќе бидат инвестирани околу 3.5 милиони евра. „Во фаза е изработка на основен проект, а почетокот на првата фаза од градежните работи ќе започне наредната година,“ истакна Груевски, додавајќи дека во тек е постапката за набавка на дигитален рендтген апарат за оваа болница. Во овој регион, потсети премиерот, во тек е изградбата на новата болница…

повеќе...

Голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Охрид во спортската сала „Билјанини извори“ одржа народен собир. Јавноста имаше можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно беа испратени јасни пораки за тоа што се залага и за тоа што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Прв на присутните на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се обрати градоначалникот на општината, Никола Бакрачески. Тој истакна дека во времето на претходното владеење во градот кога сакале да ја презентираат својата програма во спортската сала „Билјанини извори“ не им било дозволено. „Но,…

повеќе...