Птиците преселници се враќаат од југ

Пролетта е на прагот. Последните календарски денови од зимата знаат да бидат топли, но и студени. Најдобар знак дека пристигнува пролетта се птиците преселници, кои денес пред зајдисонце надлетаа над Охрид. Со оглед на тоа што вчера беше Летник, празник за кој се верува дека е поврзан со враќањето на птиците од јужните краишта, по се изгледа дека тоа навистина е така. WebOhrid

повеќе...

Вечерва на небото не очекува спектакуларна појава!

Астрономите ги повикуваат луѓето кои гледаат во ѕвездите едноставно да го насочат погледот кон исток. Целосното помрачување на Месечина заедно со т.н. супермесечина е спектакл, кој се очекува вечерва или рано изутрина в понеделник, во зависност од тоа каде се наоѓате на планетата. Тоа е комбинација, која не е видена од 1982 година и нема да се повтори до 2033 година, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Т.н. супермесечина се случува кога полната Месечина или младата Месечина се наоѓаат најблиску до Земјата. Иако тоа и натаму е оддалеченост од околу 350 илјади…

повеќе...

Нијансите на небото над Охрид

Вака изгледаше небото над Охрид вечерва неколку минути по зајдисонце. Откако Сонцето се сокри зад Самуиловата тврдина (од наш агол), неговите зраци го обоија небото над Охрид. Најверојатно жолтата фаза го направи своето, но со одредена доза на синило. Во секој случај, прекрасна глетка за уживање за оние кои беа на отворено во тој момент. WebOhrid

повеќе...