Во рамки на активностите за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, согласно годишната програма на Секторот за ТЛЕР за 2017, започна реализацијата на стручни обуки за невработени лица, како и обуки за преквалификација и доквалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Во насока на успешно остварување на планираната активност Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР спроведе анализа за побаруваните занимања во поглед на различните образовни профили и степенот на образование (вклучувајќи високообразован,…
повеќе...Tag: невработеност
Груевски: Странските инвестиции и владините мерки ја намалија невработеноста во Охрид
Странските инвестиции и владините мерки придонесоа за намалување на невработеноста во Охрид, оцени лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Охрид. Одговарајќи на новинарски прашања Груевски забележа дека градот бил со огромен број невработени, односно со околу 12.300, но оти со мерките кои ги презема актуелната Влада невработеноста паднала на околу 7.000 лица. „Имаме сериозно намалување нa бројот на невработени, меѓутоа сеуште е висок. Работите тргнаа во добра насока успеавме да привлечеме неколку крупни компании кои ќе вработат поголем број лица, некои веќе вработуваат, а се развиваат…
повеќе...ДЗС: Најниска невработеност до сега во Македонија од 24,5 отсто
Невработеноста продолжува да паѓа, за една година пад од рекордни 2,8 отсто. Стапката на невработеност во првиот квартал од 2016-та година изнесува 24,5 отсто, што претставува најниска стапка до сега. Во однос на претходниот квартал невработеноста е намалена за 0,1 отсто, додека во однос на првиот квартал од минатата година има значителен пад од 2,8 отсто. Стапката на невработеност во првото тримесечје од годинава изнесува 24,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бројот на невработени изнесува 231.386 лица, а бројот на вработени 714.435 лица со стапка на вработеност 42,6 отсто.…
повеќе...Ставрески: Кавадарци една од општините со најмала невработеност
Кавадарци е една од општините во која имаме најмала невработеност, оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на Договорот за реконструкција и доградба на едно основно и две средни училишта во општината. „Кавадарци е општина во која имаме многу вработувања, пред се во „Дрекслермаер“ каде бројката на вработени надмина 5.000 лица, а со последната најава дека во септември ќе има уште 500 вработувања ќе се приближиме до околу 6.000 работни места што е извонредно голем број на вработувања. Исто така преку проектот „Македонија вработува“ над сто…
повеќе...Десетици илјади невработени може да бидат опфатени од новата мерка
Во наредните неколку дена Владата ќе ги усвои законски решенија за новите мерки, кои имаат за цел вработување на една широка категорија на граѓани и намалување на невработеноста. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информира дека до крајот на април или почетокот на март ќе се реализираат вработувањата по основ на сетот – мерки кои ги најави премиерот Груевски, за намалување на невработеноста. „Работни групи од економските министерства интензивно работат на преточување на овие мерки во закон, се очекува во наредните десет дена, Владата да го усвои законот, кој подоцна ќе оди…
повеќе...Ставрески: Финансиските зони ќе го зголемат растот и ќе ја намалат невработеноста
Финансиските зони во Македонија ќе бидат формирани по терк на Луксембург и позитивно ќе влијаат на економскиот раст, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембург, 25 проценти од БДП се создава од вакви финансиски услуги, а регистрирани се над 3.840 инвестициски фондови и креирани се 44.000 работни места“, вели Ставрески.…
повеќе...