Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври. Во рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата се спроведуваат низа активности како на Републичко ниво така и во рамките на секое училиште. Во училиштето „Григор Прличев“, денес покрај останатите планирани и реализирани активности…
повеќе...Tag: недела
ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Недела на солидарноста
Основното училиште „Григор Прличев“ се вклучи во акцијата на Црвен крст Охрид, по повод Недела на солидарноста 18-24 април. „Основците и вработените донираа помош во храна, средства за хигиена, облека, обувки, детски играчки, постелнина… акцијата наиде на голем одѕив. Под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“ вклучувањето и спроведувањето на оваа акција ги поттикна нашите ученици на хуманост.“– велат од училиштето.
повеќе...Отворена недела на едукација за компјутерската наука на Универзитетот „Св. Апостол Павле“
На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи „Отворена недела на едукација за компјутерската наука“. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема „Основи на компјутерско програмирање“. „Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки.“– велат од универзитетот. Отворената недела се одржува во рамките на глобалната иницијатива…
повеќе...Финализираат активностите од одбележувањето на Неделата на борба против гладта
Активностите во рамките на кампањата за Денот и Неделата на борба против гладта кои во организација на Црвен крст Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври, финализираат деновиве со распределба на хуманитарните пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, на ранливата категорија на граѓани со низок социјално-економски статус. „Кампањата ја оценуваме како успешна и им се заблагодаруваме на сите поединци, компании, здруженија, фирми и институции кои со својот допринос во оваа хуманитарна акција, помогнаа на преку 200 социјално најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца. Наш партнер и подржувач на кампањата…
повеќе...