ЈУНП Галичица: Целосна забрана за движење низ шумите

Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ шумите, без оглед на нивната намена, ЈУНП Галичица соопштува:  Се забранува секакво движење низ шумата во границите на паркот. Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење ( пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот. Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се…

повеќе...

Охрид домаќин на Алтернативно лето (Ало 2)

Утревечер на скејт паркот во Охрид во организација на Центарот за интегриран развој, а со поддршка на општина Охрид ќе се одржи несекојдневен настан на алтернативна музика и екстремен спорт „Алтернативно Лето Охрид “(АЛО 2). На скејт и БМХ натпреварот ќе учествуваат најмалку 50 натпреварувачи од Македонија и регионот. Покрај натпреварувачки карактер случувањето вклучува и забавен дел со водител и музика. За најдобрите предвидени се соодветни награди. По завршување на натпреварувачкиот дел ќе се одржи фестивал на отворено со настап на познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот:…

повеќе...

Момче избодено во Градски парк во Скопје

Утрово во 02:38 часот во ЕИК, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк Скопје, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати  лица. По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје. Истиот бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот). Се преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителите и за…

повеќе...

Отворено писмо до ЈУНП Галичица

Ние, активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, ви се обраќаме откако повеќе граѓани до нас доставија поплаки за нефункционирањето на делот Документи, т.е. Documents (EN верзија на страницата) на официјалната страница на Националниот парк. Охрид ЅОЅ упорно и континуирано ги повикува граѓаните да ги користат механизмите за вклучување во процесот на донесување одлуки што е императив во едно нормално демократско општество. На наше огромно задоволство таквите примери се сѐ почести. Токму затоа и граѓаните ја забележаа оваа неправилност на страницата, која, мора да признаеме, изгледа многу симптоматично ако се земе…

повеќе...

Еврејските гробишта во Битола ќе се преуредат во Меморијален парк

Со симболичното засадување дрвца на Еврејските гробишта од Битола, започна проектот за уредување на Меморијален парк на Евреите од Монастир. Првите дрвца ги засадија израелскиот амбасадор Дан Оријан, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, министерот Џери Наумоф, битолскиот градоначалник Владимир Талески и други гости. Со реализацијата на овој прокет се очекува оваа локација во иднина да прерасне во едно од најатрактивните споменици на културата во градот на конзулите и да привлечат многу постетители од Иразел. „Со овој парк сите ние ќе дадеме придонес во заштитата на историското наследство на еврејската…

повеќе...

Дозволи за движење во НП Галичица ќе можат да се подигнат секој работен ден од 9 до 13 часот

Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите поради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица „Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетата на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената…

повеќе...

Уреден просторот околу игралиштето во Подмоље

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија просторот во центарот на село Подмоље, околу игралиштето. „Теренот беше реконструиран со раскопување и оплеменување со 20 м3 плодна земја, засадена е трева, 50 зимзелени садници и 40 цветни декоративни грмушки.“- велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека и улиците во стариот дел од градот и патеките кои водат до Самоилова Тврдина, Канео, Лабино и Плаошник хортикултурно се дотеруваат. „Веќе трет пат е опфатен стариот дел на градот со косење заради бујната вегетација во пролетниот период.“- додааваат од претпријатието.

повеќе...

Охридските паркови во ново летно руво

Градскиот парк и зелените површини во градот се разубавуваат во нови бои и цветни содржини. Новиот изглед на парковите каде се засадува новата летна цветна реколта ќе претставува препознатлива слика за Охрид во летниот и есенскиот период. „Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум, импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др.“ –  велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Планирано е да се засадат околу 40.000 садници во градскиот парк и голем број зелени…

повеќе...

Парковите во Охрид блескаат во полн сјај

Пролетта е период кога зелените површини блескаат во полн сјај, а климатските услови се најповолни за зелената вегетација и сезонските цвеќа. Така и зелените површини во градот ја имаат онаа карактеристична зелена боја на пролетта, прошарани со декоративни грмушки во разни нијанси, расцветани дрвја и сезонски цвеќа во најразличен колорит. Посебно во овој период пленат со убавина јапонските цреши кои се засадени на градскиот плоштад, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило“ се ангажирани во тековно одржување: се косат тревните површини во градскиот парк и другите јавни…

повеќе...

Се уредуваат парковите и зелените површини во Охрид

ЈП „Охридски Комуналец” продолжува со уредување на парковите и зелените површини на територија на општина Охрид. „Во градскиот парк се врши замена на стариот чакал со нов. Се изврши косење на паркот и кружниот тек на ул. „Јане Сандански”, а исто така и косење на зелената површина пред зградата наспроти „Охридска Банка” на булевар “Туристичка”. – информираат од претпријатието.

повеќе...