Забранет сообраќајот на локалниот пат Кратово – Каврак поради обилни врнежи од снег

Според ДЦС МВР, регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во с.Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На локалниот пат Кратово-Каврак забранет е сообраќај поради обилни врнежи од снег.

Патниот правец Киселица –Злетово и понатаму е во прекин за сите видови на моторни возила.Возилата се пренасочуваат од Киселица – Пробиштип – Леговец –Злетово.

Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см.

Како последица на последните снежни врнежи во прекин е сообраќајот кон селата: Ехлоец, Иванчишта, Душогубица, Малкоец и Кленоец (опш.Кичево) .

Во опш.Старо Нагоричане се расчистувал патниот правец с.Дејловце до с.Длабочица. Во наредните денови предвидено е да се расчистуваат патните правци во Козјачијата и тоа следните патни правци: – Жегљане – Малотино –М’гленце; – Арбанашко – Рамно – Буковљане и Цветишница.

Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Локалните патни правци од опш.Чучер Сандево кон селата:Брест и Малино се непроодни за сите видови на моторни возила.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози.