Драстично поевтинува испитувањето на влијанието на лековите врз пациентите

Над 30-тина типови испитувања за влијанието на лековите кои ги примаат пациентите и тоа пред се со малигни заболувања, но не ограничувајќи се само на нив, ќе се прават во лабораторијата за биомолекуларни фармацевтски анализи при Фармацевтскиот факултет. За тие испитувања пациентите досега плаќаа многу средства, некои од нив и до 11.000 денари, а сега тие ќе се прават само со партиципација, што значи многукратно се намалува износот кој тие треба да го платат за нив. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе плаќа најголем дел од сумата потребна за…

повеќе...

Над 80 отсто од пациентите задоволни од функционирањето на МојТермин

Последното истражување на Министерството за здравство, спроведено во јули оваа година, покажа дека над 80 отсто од пациентите се задоволни од функционирањето на системот „Мој Термин“, информираше на прес-конференција, Милан Аризанковски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи МојТермин, при што истакна дека процентот на задоволни пациенти пораснал за 12.5 отсто од минатото истражување. „Најголемиот број од пациентите во истражуавњето покажува дека 93.8 проценти не им се случило да дојдат на закажан преглед, а притоа докторот да не е во амбуланта, а претходно пациентите да не се известени за тоа.…

повеќе...

Тодоров: Пациентите и здравствените работници заемно да се почитуваат

Односот меѓу пациентите и здравствените работници треба да почива врз заемно почитување, но и врз база на почитување на Законот и почитување и унапредување на правата на здравствените работници и правата на пациентите. Во таа насока, доследно треба да се почитуваат одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на унапредувањето на хоспиталната култура, како и Правилникот за хоспитална култура, кој треба да се применува во сите јавни здравствени установи низ државата. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека значајни фактори за…

повеќе...

Непотребно пропишан антибиотик во 56% од случаите со респираторни проблеми

Непрописно пропишување на антибиотици без претходни дополнителни анализи во 56% од сите случаи со респираторни проблеми, покажува истражувањето на Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група и Центарот за семејна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. Истражувањето беше спроведено минатата година во месец ноември и опфаќа 107 доктори од примарната заштита. На Симпозиумот одржан 1-ви и 2-ри мај во Охрид, беа презентирани дел од резултатите за 37 доктори со обработка на 4569 пациенти со епизоди на акутна респираторна инфекција кои побарале консултација со својот избран доктор. „Ова истражување…

повеќе...

Пациентите и докторите во ноември повеќе го почитувале закажаниот термин за преглед

Бројот на пациенти кои изминатиот месец не дошле на закажаниот термин и истиот не го откажале е за 42 отсто намален во однос на претходниот месец, покажала анализата на податоците од системот МојТермин. Во септември кога почна анализата на податоците од системот, бројот на докторите кои доцнеа на првиот закажан термин за преглед изнесуваше 162, во октомври тој број се намали на 32, а во ноември е сериозно намален во споредба со претходните месеци и изнесува 24 доктори. Само кај двајца доктори (еден од Градската општа болница „8 Септември“ и…

повеќе...