Спасов: Можност за остварување на старосна пензија за земјоделците

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на прес конференција информираше дека Владата на Република Македонија на својата последна седница ги усвоила измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Како што истакна Спасов, тоа се измени со кои се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во државата и се решава значаен проблем со кој се соочуваа неколку стотици индивидуални земјоделци, при што, со усвојувањето на овој закон од страна на собранието, ќе се создадат законски можности оваа група на граѓани да се стекне со старосна пензија.Со ова…

повеќе...

Земјоделците ќе можат да се стекнат со старосна пензија

Владата на својата последна седница ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои им се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во нашата држава. По усвојувањето на овој закон од Собранието, ќе се создадат законски можности неколку стотици индивидуални земјоделци да се стекнат со старосна пензија. Ова законско решение ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека со ова законско решение им се излегува во пресрет…

повеќе...

Спасов: Со измените на Законот за пензиско решен е проблемот на 645 пензионери

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во врска со прашањето од пратеникот Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ кое се однесува за враќање во примена на Законот за старосно осигурување на земјоделците којшто бил во примена од 1978 до 1988 година и за решавање на проблемот на неколку десетици земјоделци рече дека е со цел да се регулира стажот на осигурување на земјоделците кои биле осигурани по овој Закон кој траел од 1978 до 1988 година. „Вакви измени се направени во Законот за пензиско од 2012 година и практично одредбите…

повеќе...

„ДЕН ЗА ВАС” поголема транспарентост и информираност за правата од пензиско и инвалидско осигурување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ВД директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), Амет Даути и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Булент Дервиши го посетија пунктот од каде што започнува новиот циклус на активности во рамките на Проектот „Ден за Вас“. Министерот Диме Спасов посочи дека една од програмските цели на Владата на Република Македонија е олеснување на пристапот на граѓаните до институциите со што се подигнува ефикасноста на јавната администрација. Па…

повеќе...

И полицајците ќе имаат можност да бираат кога ќе одат во пензија

Полицајците како и сите останати вработени ќе имаат можност да го продолжат работниот стаж и да изберат кога ќе одат во пензија, истакна премиерот Никола Груевски. Имено, за полицајците има специјален закон според кој тие заминуваат во пензија со 40 години работен стаж, од кои 30 се ефективни, а 10 се бенифициран стаж. „Со дополнителните измени кои следуваат ќе се овозможи тие да заминуваат во пензија со 45 години стаж, вклучувајќи го и бенефицираниот и да може да бираат дали ќе одат во пензија со 40 или 45 години стаж“,…

повеќе...