Синоќа со настапот на Игор Џамбазов заврши десетиот јубилеен Пиволенд 2017. Фестивалот оваа година траеше седум дена, а Скопското Кале беше одлична локација за секојдневно разладување од високите температури. Од понеделник до недела, фестивалот понуди одлична забава за сите генерации, над 120 видови пиво, како и вкусни гурмански деликатеси. Секој ден беше резервиран за различен жанр на музика, а најмногу внимание привлекоа настапите на Ван Гог, Сарс и САФ. Организаторите го најавуваат следниот омилен фестивал меѓу скопјани – Вино Скоп 2017 кој ќе се одржи кон крајот на септември.
повеќе...Tag: пиво
Пиволенд продолжува и седма вечер – Фестивалот се затвора вечерва со Игор Џамбазов
Пивскиот фестивал кој требаше да трае шест дена го откри изненадувањето за своите посетители – Пиволенд вечерва чести уште една вечер. На најпознатиот фестивал на пивото кој оваа година го прославува јубилејниот 10-ти роденден, вечерва (недела) ќе настапат Елвис Блуз Трио, Рингтонс и за крај македонскиот шоумен Игор Џамбазов. Деновите кои изминаа поминаа одлично. Скопје докажа дека знае да се забавува и на сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест…
повеќе...Преполно Скопско Кале и одлична забава на првиот фестивалски ден од Пиволенд
Пиволенд стартуваше одлично. Преполно Скопско Кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта. Фестивалот го отворија „Бенд ОФ“ со рок свирка, а по нив настапија „Чил Плеј“ и диџеј Иноматик. Пејачката Нина Јанева и бендот 2 Егзит беа следни, а за крај со електронска музика посетителите ги разигра Дј Крис. Иако беше понеделник – прв работен ден во неделата, сепак Скопската тврдина беше исполнета до последно место. Вечерва на Пиволенд први ќе настапат „Саут Парк“, а потоа од 20:45 е организирано групно гледање…
повеќе...Ретроспектива на Пиволенд – Како фестивалот се развиваше во најпрепознатливиот скопски бренд
Фестивалот кој стана препознатлив скопски бренд, својата приказна ја започна во 2008 година. Поминаа точно 10 години од првиот Пиволенд кој се одржа на Скопското Кале, а 60 000 посетители четири дена уживаа во дегустација на пиво и одличниот музички избор. Дел од македонските музички ѕвезди, токму на овој фестивал за првпат имаа можност да настапат пред огромна публика и да ја започнат својата успешна кариера. Во 2009 година, фестивалот доживеа рекордна посетеност од 150 000 љубители на пивото и добрата забава. Беше прогласен за најмасовно посетен фестивал во Македонија,…
повеќе...Пиволенд 2016- Петдневен пивски маратон во Скопје
Утре започнува фестивалот кој сите со нетрпение го очекуваме- Пиволенд 2016. Од среда па се до недела, посетителите на Скопското Кале ќе дегустираат пиво и гурмански мезиња, ќе слушаат добра музика и ќе уживаат во голем број атракции кои ги нуди фестивалот оваа година. Голем избор на пива од различни страни на светот ќе може да се купат на 20-те пивски штандови на фестивалот, како и скара, грицки и мезиња. Официјално фестивалските врати ќе бидат отворени во среда од 18:00 за сите посетители, а влезот е бесплатен. Музичката програма ќе…
повеќе...Во Пештани на зајдисонце
И ова лето: Во Пештани на зајдисонце. Не станува збор за некаква манифестација како онаа во Трпејца, туку само собир на жедни души, кои пиејќи пиво се освежуваат покрај Езерото. „Колку потопол ден – толку поголем број празни шишиња“. – велат пештанци. WebOhrid
повеќе...