Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции

Две реномирани француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција. Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово. „Денеска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет. Се работи за потполно идентичен…

повеќе...

Македонскиот туристички производ ќе биде претставен на интернационалниот саем за туризам World Trave

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 3-ти до 6-ти Ноември, 2014 година ќе ја промовира Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам World Travel Market во Лондон, Англија 2014. На овој саем за првпат ќе учествува и Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што на мапата на светот ќе се претстави како привлечна дестинација за Англиските туристи. Уште една причина повеќе за зголемување на бројот на туристи од Англија е и дирекната линија на Wizz Air, Скопје-Лондон (Luton).…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.4%, а кај аутпутот е зголемен за 6.6%. Во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3. Во делот аутпут, во септември 2014 година, во споредба со септември 2013 година, индексот на…

повеќе...

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2014 година изнесува 741 313 илјади денари што претставува намалување за 15.2 % во споредба со јуни 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 12.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 29.2%. Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млекото, додека зголемување е забележано кај градинарските и…

повеќе...