Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски на состанокот одржан на 9.08.2017 година едногласно одлучи наградата „Живко Чинго“ што ја доделува Општина Охрид, да му припадне на авторот на расказот „Во рогот на волот“ испратен под шифра „Чадор“. На годинешниот конкурс вкупно пристигнаа 58 раскази, во кои доминираат традиционални книжевни теми, актуелни социјални теми и исповедни искажувања. Во најтесен избор, покрај наградениот расказ влегоа и расказите „Црешата на Цар Самуил“ под шифра…
повеќе...Tag: расказ
Емилија Карафилоска е авторот на првонаградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Охриѓанката Емилија Карафилоска е авторот на годинешниот најдобар расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Емилија е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години. Има учествувано на многу литературни конкурси на кои освоила неколку први места. Првонаградениот расказ со наслов „ Т.чка на агонија “ може да го прочитате тука.
повеќе...Наградата „Живко Чинго“ за расказот под шифра Аура
Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра Аура, е годинешен добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Вака одлучи тричлента комисија во состав, проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски. По претходно распишаниот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази. Комисијата со задоволство констатира дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс. Расказот…
повеќе...Конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“
Во пресрет на манифестацијата “Вечер на Чинго“, Општина Охри го распишува конкурсот за најдобар расказ. Традиционално награда ќе биде врачена на 13 август. По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А З Услови за учество на Конкурсот: 1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2.Трудовите треба да се достават во печатена форма во три…
повеќе...Димитар Димоски е авторот на наградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Охриѓанецот Димитар Димоски е авторот на расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ што годинава беше награден на конкурсот за краток расказ „Живко Чинго“. Расказот беше испратен под шифра „Куќа“, а жирито во состав Смиле Наумоски – претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски од вкупно 73 токму овој расказ го избраа како најдобар. Младиот Димоски ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе му биде врачена на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13-ти август во охридското село Велгошти. Димитар Димоски е…
повеќе...„Мојата куќа во крс’ џамија“ е годинешниот награден расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ под шифра „Куќа“ е годинешниот награден расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Од вкупно 73 раскази пристигнати комисијата во состав Смиле Наумоски – претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски, одвоија пет најдобри раскази, од кои во понатамошната селекција беше избран еден. „Пристапивме кон методот на споредбен начин на прегледување и од петте го издвоивме оној расказ кој што се издигна над сите други, со една прекрасна композиција како структура на расказ со еден прекрасен израз уметнички и тука имаше толку доволно слики за…
повеќе...Верче Карафилоска е автор на расказот добитник на наградата „Живко Чинго“
Верче Карафилоска е автор на расказот „Коси од розева волница“ што годинава ја доби традиционалната награда за краток расказ „Живко Чинго“. Наградениот труд беше пратен под шифра “Солза“ а тричленото жири во состав : Ирена Бачиќ- професор по македонски јазик и литература, Милчо Јованоски- новинар и Тоде Илиески- писател, од вкупно 59 пристигнати раскази односно од трите кои влегоа во најтесна конкуренција „Коси од розова волница“ го избраа за најдобар. Карафилоска за својот расказ ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе и биде врачена на 13 август на…
повеќе...Објавени победничките раскази од конкурсот „Живко Чинго“
Вкупно 59 раскази беа пријавени за наградата од 30.000 денари што Општина Охрид ја доделува за најдобар расказ, а по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. „Годинава пристигнаа 59 пликоа, од кои после прегледувањето е констатирано дека 5 пликоа не ги усполнуваат пропозициите дадени во конкурсот. Од останатите 54 пликоа се извадени 58 раскази што ги исполнуваат пропозициите. Квалитетот на пристигнатите раскази варираше, но 10-тина од нив се издвоиа со своите естески квалитети, односно со видливи сценски обележја, содржински издржани со целосна изградена композиција. Темите во расказите се…
повеќе...За наградата „Живко Чинго“ пријавени 59 раскази
Вкупно 59 раскази влегуваат во трка за наградата од 30.000 денари што Општина Охрид ја доделува за најдобар расказ, а по повод традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. Синоќа истече рокот за пријавување, а заинтересираните на адреса на Општина Охрид со назнака „за конкурсот за расказ“, во изминатиов едномесечен период трудовите ги доставуваа во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци. Се очекува Стручната жири-комисија резултатите од конкурсот да ги објави во дневниот печат најдоцна до 31 јули годинава, по што паричната награда за…
повеќе...За традиционалната награда „Живко Чинго“ досега пријавени 17 раскази
Во тек е конкурсот што Општина Охрид го распиша за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. До денес на адресата на Општина Охрид со назнака „за конкурсот за расказ“пристигнале 17 раскази. Конкурсот е отворен и трае до 20 јули а сите заинтересирани трудовите треба да ги достават во печатена форма во три примероци со шифра на авторот без лични податоци. Право на учество на конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Стручната жири-комисија резултатите од конкурсот ќе ги објави во…
повеќе...