Тркалезна маса за одлив на работна сила од ИКТ секторот

ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, ја организираше тркалезната маса на тема „Одлив на работна сила од ИКТ секторот“, во рамките на која свое обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Владиниот, приватниот и академскиот сектор бараат начини како да се намали и спречи заминувањето на ИКТ кадрите од Македонија во странство и за зголемување на бројoт на информатички кадри за потребите на приватниот сектор во земјата. Министерот Ивановски истакна дека во Агенцијата за вработување се регистрирани 1.330 невработени информатичари, кои би можеле да…

повеќе...

Самак: Американска компанија од автoмобилскиот сектор ќе инвестира во Македонија

Министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак за МРТ истакна дека нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе инвестира во Македонија. „При крај се преговорите со американска компанија од автомобилскиот сектор. Оваа компанија беше присутна на Саемот за вработување кој се организираше од Агенцијата за вработување на Република Македонија во Скопје. Има доста позитивен впечаток и анализа од бројот на пријавени и заинтересирани кандидати и се во финален процес на носење одлука и се надеваме дека ќе биде тоа позитивна одлука за Македонија,“ изјави министерот Самак за емисијата Бизнис 365.

повеќе...

Презентација на напредни ИТ алатки и програми за јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Мајкрософт Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка, со што ќе се прошири соработката, а во тие рамки во следните три години ќе бидат обучени 200.000 студенти и наставници. Во Скопје се одржува дводневна конференција „Недела на јавниот сектор“, што вторпат ја организира Мајкрософт Македонија во соработка со МИОА. „Во рамките на соработката што ја имаме со Мајкрософт Македонија договоривме во согласност со нивната програма Youthspark во наредните три години да се обучат двете илјади студенти од Република Македонија за користењето на најновите…

повеќе...

Секторот за комунален развој, улици и патишта со нови термини за прием на граѓани

Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта од денес започна со прием на граѓани. Сите граѓани кои имаат потреба од средба со претставниците на секторот, можат да ја остварат во период од 14 до 16 часот во простории на секторот кои сега се лоцирани во општинската зграда. Од секторот се надеваат дека со оваа нова форма на комуницирање со граѓаните, побрзо и поефикасно ќе се лоцираат и решаваат проблемите од комуналната сфера.  

повеќе...

Ќе се санираат откорнатите столпчиња на малиот плоштад

Со големи заложби на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и на јавните препријатија, малиот плоштад кај комлексот болнички цркви, е уреден во пријатно место за охриѓани и гостите. Со измените во одвивањето на сообраќајот, овој простор претставува пешачка зона и место за одмор и релаксација покрај езерото. За жал, несовесни поединци ги откорнале столпчињата помеѓу жардинериите и го нагрдиле просторот. Од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, уште во текот на утрешниот ден ќе ги санираат оштетените заштитни столпчиња и апелираат до граѓаните за поголема грижа и…

повеќе...

Во Струга се одржува работилница за подигање на нивото на соработка помеѓу граѓанскиот сектор од Mакедонија и Грција

Од Младинскиот сојуз, информираат за активности кои што се дел од проектот Contacts for the common future, билатерален проект кој што е започнат во 2010 година, а има за цел подигање на нивото на соработка помеѓу граѓанскиот сектор од Македонија и Грција посебно помеѓу младинските активисти и организации. Проектот е организиран од Младински Сојуз(www.youthalliance.org.mk), УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридрх Еберт (www.fes.org.mk) канцеларија во Скопје a е финансиски поддржан од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Оваа година проектот Contacts for the common future има етапа Youth Empowerment…

повеќе...