Два сребрени медали за Бојан Трајковски на Светските зимски игри на Специјална олимпијада

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски се сретна со Бојан Трајковски, претставник на Република Македонија на Светските зимски игри на Специјална олимпијада. Бојан Трајковски, на овие Светски зимски игри на Специјална олимпијада, одржана во Австрија, во дисциплините велеслалом и супер велеслалом, постигна голем успех и освои два сребрени медали. МОК упатува искрени честитки за Бојан и верува во уште подобри резултати на нашите најдобри спортисти, идни учесници на Специјалната олимпијада.

повеќе...

Најавен стартот на Мавровскиот меморијал

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод претстојниот, 54 ти по ред Мавровски меморијал. „Ми претставува особена чест и задоволство што оваа година на патеките на преубавото Маврово ќе се одржи традиционалниот 54-ти Мавровски меморијал, остварувајќи ги желбите и соништата на генерациите од далечната 1957 година, кои го организираа првиот меморијал – натпревар во нордиско скијање. Натпреварот се одржува во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 храбри граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година. Токму со оддржувањето на Мавровскиот Меморијал…

повеќе...

Стартуваше 52 Мавровски меморијал

Со чинот на Свеченото отворање попладнево беше означен стартот на 52-то издание на Мавровскиот меморијал традиционалниот натпревар во нордиско скијање. Меморијалот за отворен го означи пратеникот од Собранието на РМ Сашо Акимовски. На годинашново издание ќе учествуваат 56 натпреварувачи во двете конкуренции од 8 држави. Најбројна со 18 натпреварувачи е македонската селекција. Утре ќе се одржат натпревари на 10 километри кај мажите и на 5 километри кај жени.

повеќе...