Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, присуствуваа на шестиот Конгрес на Самостојниот синдикат за образование наука и култура. Министерството за образование и наука и СОНК се долгогодишни партнери, и се што работиме е во насока на подобрување на образовниот процес во сите негови сегменти, истакна во оваа пригода Адеми. „До сите заеднички ставови сме дошле благодарение на постојаните средби, на кои сме наоѓале заеднички решенија кои оделе во насока на подобрување на условите за работа на наставниците, професорите и пред…
повеќе...Tag: сонк
СОНК и Министерството за култура подготвуваат нов колективен договор
Министерството за култура и Синдикатот за образование, наука и култура ја завршуваат подготовката на предлог-колективен договор за дејностите во културата на национално ниво, кој ќе ги уреди правата и обврските на околу 3.300 вработени во овој сектор кои членуваат во СОНК. Министерката Елизабета Канческа-Милевска и претседателот на СОНК Јаким Неделков се надеваат на скорешна подготовка на документот, кој потоа ќе оди на јавна расправа која се очекува да заврши на крајот на мај. „Многу близу сме до заокружување на спорните работи кои ни беа пречка за договорање и потпишување на…
повеќе...Постигнат договор меѓу Владата и СОНК
Министерството за образование и наука и СОНК постигнаа согласност за повеќе теми кои во изминатите месец и половина беа предмет на, како што велат двете страни, интензивен и конструктивен дијалог, кој резултира со денешното усвојување на взаемно прифатлива спогодба, врз основа на која во следниот период ќе се иницираат измени во законските и подзаконските акти. Екстерното тестирање како процес за проверка на знаењето на учениците и на објективноста на оценувањето на наставниците и останува да се имплементира како механизам за зголемување на квалитетот на образовниот систем во земјата. Социјалните партнери…
повеќе...Охридскиот СОНК не го поддржува штрајкот, бара преговори
Регионалниот одбор на СОНК од Охрид денеска соопшти дека според сознанијата добиени од претседателите на синдикалните организации во регионот во инситуциите што ги покрива СОНК од Охрид не се формира штрајкувачки одбор што значи дека членството во Охрид не дава поддршка на штрајкот закажан од раководството на СОНК за 20 јануари, пренесува МИА. „Како и минатиот пат така и сега се потврди ставот на членството во нашиот регион дека не дава поддршка на штрајкот. Нашиот регион се уште стои на ставот на членството дека решение за сите прашања треба и…
повеќе...Утре јавен протест пред зградата на Министерствотото за образование и наука
Врз основа на член 8 и член 50 од Статутот на СОНК , Советот и Претседателството на СОНК , на вонредната седница одржана на 25-07-2014 година ја донесе следнава О Д Л У К А за организирање на Јавен протест 1. Во знак на револт поради инертен и игнорантски однос на надлежните државни органи во делот на образованието, науката и културата, неконструктивен и бесплоден социјален дијалог и заради создадени исклучително сложени состојби и посебни случаи без преседан, Советот и Претседателството одлучија членовите на СОНК да организираат Јавен протест, со цел…
повеќе...Регионалниот одбор на СОНК Охрид се приклучи кон штрајкот со глад за поддршка на штипските професори
Од денес Советот на синдикатот започна штрајк со глад, во знак на поддршка за тројцата професори од штипскиот Економски факултет кои останаа без работа. Во штрајкот се вклучени над 50 наставници и професори – членови на раководните органи, односно Советот и претседателството на СОНК. Формалната одлука дефинитивно да се приклучи на штрајкот со глад СОНК ја донесе синоќа, откако истече крајниот рок до кој синдикатот бараше од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да ги поправи грешките во постапката со кои тројцата професори не…
повеќе...