Попоски и Чавушоглу ја потврдија добрата соработка меѓу Турција и Македонија

Македонија и Турција имаат интензивна соработка на сите полиња од заеднички интерес, потврдена и преку чести средби на високо ниво, а економските релации бележат нагорен тренд и можности за натамошно унапредување, констатирале министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот турски колега и домаќин Мевлут Чавушоглу на средбата во Анкара, во рамки на официјаланата посета на Турција. Како што соопшти МНР, средбата беше искористена и за размена на мислења од аспект на регионалната и меѓународната соработка. Потенцирајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, министерот…

повеќе...

Продолжува одличната одбранбена соработка меѓу Македонија и САД

Македонија и САД се две пријателски земји со исклучително развиена соработка на полето на одбраната. Оваа соработка претставува несомнен бенефит за развојот на двете земји, но и за зацврстувањето на мирот, слободата и безбедноста во регионот и светот. Тоа беше заклучено на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и новопоставениот амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Џес Бејли. Министерот Јолевски се заблагодари за поддршката за членство на Република Македонија во Алијансата и посочи дека Македонија е подготвена и „де јуре“ да стане полноправен…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид. Меморандумот за соработа, како што вели Демир Далип, овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка, е континуитет на стратешките насоки на НВО Коалицијата на Египќаните за интегрирано општество, притоа потенцирајки дека Извидништвото претставува добар модел за создавање на здрави личности, каде што, таргет група се децата и младинците. Далип, рече дека очекува ова Соработка да биде подржана од страна на Локалната Самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, во насока на инбестирање на здраво општество. Демир Демироски, национален координатор…

повеќе...

Потврдeна соработката во одбраната меѓу САД и Македонија

Македонија е подготвена да биде дел од следната мисија во Авганистан „Одлучна поддршка“, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбата со секретарот на морнарицата на САД, Реј Мабус, кој денеска раговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. „Имавме мошне продуктивни средби со секретарот Мабус. Соработката во областа на одбраната е одлична и изразивме заемна подготвеност таа и понатаму да се развива. Разменивме мислења за натамошниот ангажман на АРМ и за успешното завршување на мисијата на ИСАФ. Исто така ја изразивме нашата спремност да продолжиме да…

повеќе...