Спасов: Дополнителни 78 милиони денари за примателите на социјална помош

Проектот за условен паричен надомест за семејствата корисници на социјална парична помош ќе продолжи и следната година. За учебната 2015-2016 за таа намена се предвидени 78 милиони денари, информира денеска министерот за труди социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Сарај. Семејствата корисници на социјална парична помош чии деца се редовни ученици во средно образование со проектот добиваат дополнителна помош од 12.000 денари. „Овој проект го реализираме од 2010 година и досега се инвестирани 358 милиони денари за овој надомест кој што значи дополнителна финансиска…

повеќе...

Доделени хуманитарните пакети за социјално најзагрозените граѓани

По повод 16-ти Октомври, Светскиот ден за борба против гладта, кој годинава се одбележува под мотото „Помислете и на нас“, денеска во општинската организација на Црвен Крст , заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, подели 60 хуманитарни пакети за социјално најзагрозените граѓани. Во хуманитарната акција, што ја спроведува Црвен Крст со подршка на Локалната самоуправа, вчера се вклучи градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со најблиските соработници во маркетот „Тамаро“ , купи прехрамбени и производи за одржување хигиена, кои се дел од хуманитарните пакети. Во рамките на Неделата за борба…

повеќе...

Со зголемување на пензиите и социјалната помош бенефит ќе имаат 335 илјади граѓани

На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош. Со овие зголемувања бенефит ќе имаат вкупно 335 илјади граѓани, од кои 300 илјади пензионери, 30 илјади корисници на социјална парична помош и пет илјади корисници на постојана парична помош. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година. Средствата за овие зголемувања се обезбедени и ќе бидат…

повеќе...

Спасов во Охрид: Целосно се реконструираат Центрите за социјални работи

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, денеска во рамки на работната посета на Охрид заедно со градоначалникот Никола Бакрачески го посети Центарот за социјална работа, каде во тек се градежни активности за негова целосна реконструкција. „Станува дел од активностите во рамки на проектот за целосна реконструкција на центрите за социјална работа во Република Македонија. Досега целосно се реновирани и предадени во функција центрите за социјална работа во Струмица, Пробиштип, Свети Николе и Ресен, а во завршна фаза на реконструкција се центрите во Демир Хисар, Крушево, како и во…

повеќе...

Социјалната помош годинава ќе се зголеми за 10 проценти

Зголемувањето на социјалната помош за десет, наместо планираните пет проценти за годинава е показател за определбата на Владата за постојана помош и поддршка на најранливата категорија граѓани, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Изминатите години, односно од 2006 до 2014 година, социјалната парична помош е зголемена за цели 47 проценти, меѓутоа, сепак, не застануваме тука. И покрај тоа што во Програмата на Владата е определено дека и социјалната и постојаната парична помош оваа година треба да се зголеми пет проценти се одлучивме таа да се зголеми…

повеќе...