Трговската размена со странство до ноември лани 9,935 милијарди долари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 228 860 406 илјади денари, изразена во долари 4 123 350 илјади САД долари, односно 3 714 620 илјади евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 322 614 220 илјади денари, изразена во долари 5 811 860 илјади долари, односно 5 236 374 илјади евра. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 93 753 813 илјади денари,…

повеќе...

Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 99.7. Во 2014 година, во однос на 2013 година, индексот на трошоците на животот бележи намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.9%. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2014 година беше различно по одделни групи на потрошувачка. Намалување на индексите е забележано во групите: Рекреација и култура за 3.9%, Мебел, покуќнина и одржување…

повеќе...

Обем на стоковната размена со странство

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – октомври 2014 година изнесува 4 142 761 илјади САД долари, а на увозот 6 087 648 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68.1%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2014 година, изнесува 1 944 887 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачисо благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, завозила,…

повеќе...

Обем на стоковната размена со странство

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – септември 2014 година изнесува 3 694 254 илјади САД долари, а на увозот 5 418 869 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68.2%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2014 година, изнесува 1 724 615 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење…

повеќе...

Соопштение до превозниците кои вршат меѓународен превоз на стока

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во периодот од 10.10.2014 година (петок) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2014 година (среда) до 24:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2015 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2015 година. Трговските друштва кои имаат лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени…

повеќе...