Охридските сточари бараат да им се исплатат субвенциите за 2016 година

Сточари од Охрид бараат да им се исплатат субвенциите од минатата година, кои требаше да се исплатат до 30.06.2017 година. „Субвенциите за 2016 година завршија со исплата уште на 30 јуни. На сите им се исплатени, освен нас, а други примања немаме, ние зависиме од тие средства. Во текот на месецов не пуштаат од врата на врата и повратен одговор немаме. Добивме неколку телефонски броеви од Платежна агенција од Скопје, никој не ни одговори цел месец. Преку е-маил контактиравме со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој; Министерството за…

повеќе...

Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на дел од уплатената такса за престој на туристи

Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид. Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и…

повеќе...

Ристовски: Продолжува доделувањето на научни субвенции

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес информираше дека и оваа година Министерството за образование и наука продолжува со доделувањето на еднократни парични надоместоци во висина од 30.000 денари, како субвенција за сите научници и истражувачи од високообразовните и научните установи во Македонија, кои ќе аплицираат со труд објавен во меѓународно списание со фактор на влијание. „Огласот трае до 31 август. Апелирам сите заинтересирани професори и лица што се занимаваат со научно истражувачка дејност и кои имаат вакви трудови да аплицираат до министерството“, рече Ристовски, посочувајќи дека годинава…

повеќе...

Во тек e постапката за аплицирање за земјоделски субвенции, за прв пат можност за електронско пополнување на барањата

Во тек е постапката за поднесување на барања за земјоделски субвенции. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите имаат право и можност најдоцна до 30 јуни оваа година да ги поднесат своите барања до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството. На тој начин, исполнувајќи ја оваа законска обврска земјоделците се стекнуваат со право да ги добијат средствата од државата која за оваа година издвои над 140 милиони евра за поддршка на земјоделството и руралниот развој. По примерот на најразвиените држави, новина оваа година е можноста земјоделците да ги пополнат обрасците на…

повеќе...

Субвенции за купување на музички инструменти

Обезбедување на субвенции за купување на музички инструменти е еден од проектите наменети за млади лица кои денес ги промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој потенцира дека постојат голем број на музичари кои не можат да си дозволат поквалитетни инструменти и затоа оваа мерка ќе им биде од голема помош. „Во своите континуирани залагања за унапредување на уметноста и земјаќи ги предвид финансиските потешкотии за купување на музички инструменти, ВМРО-ДПМНЕ предвидува проект со кој секоја година ќе бидат субвенционирани до 50 музичари годишно со еднократен паричен надомест од 75…

повеќе...

Груевски: Со владина поддршка набавени 2.000 трактори и уште 8.000 други земјоделски машини

Со досегашната владина поддршка преку проектот „50:50“, во Македонија се набавени 10.000 парчиња земјоделска механизација од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини, рече денеска премиерот Никола Груевски. Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој принцип беше „90:10“ зашто Владата сакаше да даде голема поддршка за формирањето на земјоделските задруги. Таму, 90 отсто инвестираше државата, а 10 проценти земјоделците. Според него, се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра. „Видовме дека тоа многу им помогна на…

повеќе...

Цветков: Од идната година субвенции на каматите за ИПАРД кредитите

Субвенционирање на каматните стапки за поголемо искористување на ИПАРД средствата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Како што рече Цветков на Агро-бизнис форумот, оваа нова владина мерка ќе биде наменета исклучиво за ИПАРД корисниците, а ќе почне да се спроведува од наредната година. „Со оваа мерка ќе бидат опфатени корисници на ИПАРД средства кои имаат потпишано договор со Платежна агенција и ќе важи за сите банки во Македонија. Државата ќе субвенционира половина од каматната стапка која не може да биде поголема од осум отсто и за…

повеќе...

Груевски: Зголемени субвенциите за оризопроизводителите

Зголемување на субвенциите од 3 на 21 илјада денари по хектар предвидува новата владина одлука која денеска во Кочани ја соопшти премиерот Никола Груевски. Тој рече дека одлуката е донесена во соработка со производителите на ориз и е во склад на владината политика за постојана поддршка на оваа поледелска гранка. „Со најновата измена на уредбата за ориз ја зголемивме дополнителната поддршка за површина со ориз од 3 на 21 илјада денари по хектар и го исклучивме скалестото намалување за оваа дополнителна поддршка. Во наредниот период 3.131 лице од производителите на…

повеќе...

Груевски: Исплатени 25 милиони евра субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци

Вкупно 25 милиони евра се исплатени за субвенции за тутун на 29 илјади земјоделци. Очекувам и откупот кој претстои за годинашната реколта успешно да се спроведе, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по обиколката на манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“ во Варош, Прилеп. „Очекувам деновиве да започне откупот и апелирам до откупувачите да внимаваат за цените, да бидат реални и согласно квалитетот и вложениот труд на тутунопроизводителите. Државата тоа внимателно ќе го следи. Во однос на субвенциите очекуваме околу 22 до 23 милиони евра да се слеат за…

повеќе...

Груевски: Од денес уште 16.000 земјоделци ќе добијат субвенции

Денес почнува следната тура на исплата на субвенции со која ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, рече премиерот Никола Груевски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новиот апарат за компјутерска томографија во поликлиниката Јане Сандански, Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели. „Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони…

повеќе...