Исплатени 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци

Владата исплати 32,69 милиони денари субвенции на 2.127 земјоделци за повеќе мерки, соопшти денеска Министерството за финансии. На 2.025 сточари исплатени им се 27,5 милиони денари и тоа: 23,2 милиони денари на 1.933 земјоделци за производство и продажба на овчо, кравјо и козјо млеко, 2,26 милиони денари за обележани грла овци, 1,3 милиони денари за обележани грла говеда и 761 илјада денари за женски приплодни грла маторици. Исто така, исплатени се 2,89 милиони денари за постоечки овошни насади, два милиона денари за постоечки лозови насади, 155.450 денари за поддршка на…

повеќе...

Одобрени субвенциите за комунални услуги

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа(Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и член 5 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр. 08-7951/8 од 11.06.2015 година, градоначалникот го донесе следното: Р Е Ш Е Н И Е Врз основа на Записникот од одржаниот состанок на Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоците за комунални услуги бр.03-9002/2 од 24.07.2015 година, како и врз основа на предлог листата со апликанти…

повеќе...

Исплатени 52 милиони денари субвенции за земјоделците и за отштета од поплавите

Владата денеска исплати 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава. Како што соопшти Министерството за финансии, за отштета за поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила. За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари. Од тоа 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за…

повеќе...

Пешевски: Ефектите од субвенциите на странските инвестиции повеќе од позитивни

Ефектите од субвенционирањето на странските инвестиции се повеќе од позитивни, а треба да се гледаат не само во моментов, туку дологорочно и во однос на целокупниот економски развој, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Странските вложувања, истакна Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со менаџерскиот тим на Barracuda FX, носат нешто сега, но и многу работи за во иднина. „Самиот факт дека имаме раст на економијата, а зголемување бележи и бројот на вработени, зборува за позитивниот ефект на субвенциите за странските инвестиции. Лани имавме најголем пораст на…

повеќе...

Цветков: Ќе се субвенционираат 50 проценти од каматата за ИПАРД проекти

Педесет проценти од каматата за сите кредити за инвестиции на земјоделците финансирани со ИПАРД програмата ќе ги покрива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој, одлучи Владата на последната седница. Според министерот за земјоделство Михаил Цветков, со ИПАРД прогрмата со 75 проценти ќе се кофинансираат проектите на земјоделците од општините Могила, Новаци и Босилево зафатени со поплавени од почетокот на годинава. Каматните стапки во комерцијалните банки се високи и се движат од 4 до 8 проценти, а профитот во земјоделството не е значително голем. Со субвенционирањето…

повеќе...

Исплатени над 95 отсто од годинашните земјоделски субвенции

„Преку 95 отсто од годинашните субвенции се реализирани, забрзано се работи и на обесштетувањето од поплавите, а интересот за ИПАРД евидентно се зголемува“, рече денеска директорката на Платежната агенција Билјана Вуковиќ. „Од субвенциите за исплата останува уште многу мал процент. Тоа се главно не повеќе од 500 барања за кои се неопходни дополнителни проверки поради несовпаѓање на пријавените површини со оние во регистрите или поради разликите по извршената контрола на терен“, истакна Вуковиќ на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања. Обесштетувања од поплавите досега се исплатени во неколку општини. – Како…

повеќе...

Груевски: Од јули ќе се зголеми субвенцијата за енергетска сиромаштија

Проектот „енергетска сиромаштија“ кој го воведе Владата во 2010 година за социјално ранливите категории граѓани и изнесуваше 600 денари по семејство од јули ќе се зголеми на 800 денари, изјави денеска премиерот Никола Груевски на отпочнувањето со проширувањето на улицата „Маџари“ во општина Гази Баба. Тој појасни дека во 2012 година износот беше зголемен на 700 денари, а со сметките што ќе се плаќаат во јули тој ќе изнесува 800 денари. „Планот е спoред програмата на Владата од следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018 да биде 1.000…

повеќе...

Субвенции за граѓаните што ќе постават сончеви колектори

Преку јавно извлекување, Министерството за економија денеска ги избра граѓаните кои годинава ќе добијат субвенција за набавка на сончеви колекторски системи. За поврат на дел од вложените средства во сончеви колектори се поднесени над 2.400 барања. Од државниот буџет за годинешното субвенционирање се одвоени шест милиони денари. Граѓаните кои беа извлечени ќе добијат субвенција во износ до 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра, пренесува МИА. „Продолжуваме со реализација на проектот за подобрување на стандардот на граѓаните со подобрување и намалување на трошоците во сегментот на…

повеќе...

Исплатени над 80 милиони денари субвенции на 2.611 земјоделци

Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи. Како што информираат од Министерството, за засеани површини со житни култури на 805 земјоделци им се исплатени 25.398.786 денари. За засеана површина со добиточна храна, пак, на 510 земјоделци исплатени им се 1.769.999 денари. Исто така, за засеана површина со сончоглед и ориз на 275 земјоделци им се исплатени 1.250.505 денари. За производство на сертифициран семенски материјал исплатени се 5 милиони денари, додека 4 милиони денари се исплатени за употребен сертифициран семенски материјал. За градинарско производство…

повеќе...

Спасов: Се зголемува износот на субвенциите за енергенси за ранливите категории

Зголемување на износот за субвенционирање на потрошената електрична енергија и други енергенси за затоплување за примателите на социјална помош најави министерот Диме Спасов при денешната посета на Јегуновце. Според Спасов, овој проект за подршка на семјствата што добиваат социјална помош започна во 2010 година како одговор од Владата на економските проблеми предизвикани од светската економска криза и европската должничка криза со што околу 10 илјади семјества почнале да добиваат по 600 денари за оваа намена додека од 2012 година ова сума била зголемена на 700 денари месечно за семејство. Согласно…

повеќе...