Во просториите на општина Охрид, денес, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и командирот на сообраќајната полиција во Охрид имаше средба со такси превозниците од Охрид. На состанокот се разговараше за проблемите кои ги имаат такси превозниците од Охрид, но и прекршоците кои континуирано ги повторуваат. Исто така се разговараше за воведување ред во паркирањето и запирањето на такси превозниците, односно за узурпацијата на јавен простор, како би се подобрила сликата на градот, а со самото тоа би се зголемила и работата…
повеќе...Tag: такси
Јавен повик за пријавување такси возачи вработени во правни лица за посетување на обука за изучување на англиски јазик
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ТАКСИ ВОЗАЧИ ВРАБОТЕНИ ВО ПРАВНИ ЛИЦА, ЗА ПОСЕТУВАЊЕ НА ОБУКА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ број 5/02) и Законот за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај( „ Службен весник на РМ“ број 187/13), Градоначалникот на општина Охрид го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на такси возачи вработени во правни лица, лиценцирани за такси дејност од општина Охрид, за посетување на обука за изучување на…
повеќе...Се обележуваат такси станиците во Охрид
Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“, по налог на Секторот за комунален развој , сообраќај и улици денес започнаа со бележење и дислокација на такси станиците на територијата на Општина Охрид. Процесот на обележување на такси- станиците ќе се одвива паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација и меѓусебно ќе се координираат и надополнуваат. Акцијата започна на улицата “Јане Сандански“ на потегот кај некогашниот Мини-маркет и на кружниот тек кај Општата Болница. По завршувањето на обележувањето на такси -станиците и дислокација на дел од нив, согласно одлуката на Совет на Општина Охрид,…
повеќе...Наскоро ќе се дислоцира и такси стојалиштето на улица „Гоце Делчев“
Согласно одлуката за дислоцирање на дел од такси стојалиштата, донесена од страна на Советот на општина Охрид, деновиве интензивно се работи на нејзино реализирање. Активностите течат според утврдената динамика, при што се почитуваат сите прописи за ставање во функција на стојалиштата. Од Одделението за сообраќај и улици информираат дека се направени сите подготовки и деновиве, согласно одлуката на Советот, ќе биде дислоцирано и такси стојалиштето кај маркетот ДОН на улицата „ Гоце Делчев“.
повеќе...