ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на манифестацијата „Образовно рандеву 2017“ во организација на Македонска асоцијација на средни стручни училишта што се одржа во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје. Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето со кој го освоија второто место ја презентираа работата, образовните профили, наствата, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло. Учествуваа 34 ученици во 11 различни категории под…
повеќе...Tag: туристичко
Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународен гастрономски натпревар во Црна Гора
Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои Бронзен медал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора. Како дел од тимот на Гастромак – Македонија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните гастрономски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сребрени и…
повеќе...