Промоција на планот за заштита на старото градско јадро

Во Куќата на Уранија, денеска беше промовирана Студијата за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. На промоцијата на која присуствуваа и Катерина Џоубел од збратимениот град Каен од Франција и Ивана Димитровска од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) ,присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска. „Овој проект е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу француската област Нормандија, Република Македонија и Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) . Особено не радува што Општина Охрид, во соработка со партнерот, збратимениот град Каен…

повеќе...

Научна и уметничка визита 2015 во куќата на Уранија

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите во јули и август се одржува Научната и уметничка визита 2015 во куќата Уранија во Охрид. На истата ќе се одржуваат изложби, промоции и научни трибини.   НАУЧНА И УМЕТНИЧКА ВИЗИТА 2015 ОХРИД, КУЌАТА НА УРАНИЈА   25 ЈУЛИ  (САБОТА), 19,00 ЧАСОТ ПРОМОЦИЈА д-р Сашо Цветковски ИКОНИТЕ НА ДИЧО ЗОГРАФ ОД ЦРКВИТЕ ВО ДЕБАР И МАЛА РЕКА Промотор: акад. Цветан Грозданов        26 ЈУЛИ  (НЕДЕЛА), 20,00 ЧАСОТ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА“ приредена од акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов Обраќање на проф. д-р Стефан Санџаковски Промотор:  проф. д-р Илија Велев   ИЛУСТРАТИВЕН ПРИКАЗ НА МАПАТА…

повеќе...