Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид беше донирана интерактивна табла од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. ОУ „Братство Единство е едно од модел училиштата за МИО вклучени во Проектот. Токму поради покажаните резултати во насока на унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, како и позитивните практики на долгорочни заеднички активности, училиштето го доби ова признание. Признанијата од ваков тип само дополнително ја поттикнуваат мисијата на училиштето да продолжи со негување на овие практики, кои полека но сигурно, стануваат типичен сегмент од нашето секојдневие. WebOhrid
повеќе...Tag: усаид
Проектот на УСАИД за заштита на човековите права во Охрид и Струга
На 15ти и 16ти октомври, тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права и други вработени од Македонското здружение на млади правници во рамки ќе биде присутен во Охрид и Струга со цел граѓаните да се запознаат со активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Во Охрид штандот на проектот ќе биде поставен на плоштад Св. Климент Охридски, додека во Струга пред хотел Београд, двата дена од 12:00 до…
повеќе...