Започнува нов пролетен циклус од едукативната програма – Час за приказни на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов пролетен циклус од едукативната програма Children’s Story Hour – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и вежби и пред се, користење на англиска литература за деца, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини,…

повеќе...

Познати добитниците на бесплатните часови по англиски, германски јазик и информатика

Познати добитниците на бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за невработени лица и студенти од Општина Охрид, по конкурсот кој го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Добитниците на бесплатните курсеви се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од утре (петок) 12.12.2014 год., да дојдат во просториите на Одделението за образование при општина Охрид, за да потпишат договор. РАНГ – ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ ЗА БЕСПЛАТЕН КУРС ПО АНГЛЕСКИ, ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА

повеќе...

Утре ќе биде потпишан Меморандум за соработка за бесплатни часови по англиски јазик

Од детската градинка „Јасна Ристеска“ информираат дека утре (среда),  во објектот „Билјана“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и ПИ – СИ ќе потпишат Меморандум за соработка за бесплатни часови по англиски јазик за деца на возраст од 5 до 6 години. Наставата ќе се одвива во објектите „Централна“, „Билјана“ и „Росица“, а истата е веќе започната. Вредноста на донацијата изнесува 120.000 денари – донација од ПИ -СИ.

повеќе...

Од ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се поместат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува…

повеќе...

Македонија промовирана на официјалната фејсбук страница на часот на планетата земја

Денеска на официјалната фејсбук страница на светската волонтерска акција Earth Hour (Часот на планетата Земја) беа објавени фотографии и текст со кои се промовираше учеството на нашата земја во ова светско случување. Во текстот се вели дека желбата на Македонија за да се направи промена на нашата планета е голема, а во продолжение е напишано дека голем број познати личности од Македонија и регионот се вклучија во акцијата и ги исклучија своите светилки, што придонесе градот Скопје да ја награди со титулата „Најдобра еколошка акција за 2014 година“. Освен текстот,…

повеќе...