ОУ „Христо Узунов“ дел од проектот „Едно капаче – една надеж“

ОУ „Христо Узунов“ Охрид се приклучува на хуманитарната еколошка акција „Едно капаче- една надеж“ на која главна и единствена цел е да се соберат што е можно повеќе пластчични капачиња. „Капачињата се собираат и испраќаат во фабриката ПАКОМАК каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ќе ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.“ – велат од ОУ „Христо Узунов“. Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација- ММСА. Потребни се…

повеќе...

Се расчистува полигонот за мали спортови

Поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, кој е во сопственост на ГП „Гранит”, по барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот беше темелно исчистен. Екипите собраа големи количини на расфрлан комунален отпад, пластични шишиња, картонска амбалажа, искршени стаклени шишиња и др.

повеќе...

Исчистено коритото на реката во Рача

Согласно програмата за чистење на реки и речни корита на ЈП „Охридски Комуналец”, покрај тековните работи на „Јавна хигиена”, ангажирани беа 3ца работници кои го исчистија коритото на реката во населбата Рача од најгорниот дел се до самото езеро. „Собрани беа 20тина вреќи на комунален отпад, пластични шишиња и зелен отпад, расфрлани во коритото од околните куќи.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” направија акција за расчистување на коритото на река Сушица, на потегот од ул. „Живко Чинго” (кај отпадот), до амбулантата на ул. „Радојца Новичиќ”. Беа ангажирани 4ца работници и беа собрани околу 80 вреќи на комунален отпад, пластични шишиња, градежен отпад и друг вид на отпад, депонирани од околните куќи. Друг дел од екипите работеа на расчистување на ул. „15ти Корпус” од остатоците од песок и земја. Со акциите се продолжува и во…

повеќе...

Се кројат дрворедите на ул. „Јане Сандански“

Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. „Јане Сандански“. Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.

повеќе...

Продолжува акцијата за расчистување на локални патишта

Акцијата за расчистување на локални патишта вчера и денес продолжи во населбата Гоце Делчев (бараки). Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” ги расчистуваа гранките и трњето покрај улиците, кои ја попречуваа прегледноста за возилата и безбедноста за пешаците и се уредуваше паркот на влезот од населбата. Ангажирани беа 8 работници, а беа собрани и транспортирани околу 17 кубици зелен отпад.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

По налог на комуналната инспекција во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” чистеа на ул. „Марко Цепенков” во близина на градската болница и под бараките во близина на игралиштето. „Ангажирани беа 8 работници, а беа подигнати околу 15м/3 отпад. Денес беа ангажирани 10 работници на расчистување на потегот од с.Косел до Прентов мост, каде што беа подигнати околу 60 вреќи на отпад.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Се расчистуваше во с. Ливоишта и се уредуваа дрворедите на ул. „Димитар Влахов“

По налог на Комуналната инспекција и по барање на жителите, вчера и денес дел од екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани во с. Ливоишта. „Се расчистуваше каналот од зголемената вегетација на трње и зеленило и се уредуваше зеленилото покрај главната улица со цел побезбедно движење на возилата. Друг дел од вработените беа ангажирани на уредување на дрворедите на ул. „Димитар Влахов”. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Крводарителска акција во просториите на противпожарната единица во Охрид

Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 13 часот ќе се одржи во службените простории над противпожарната единица во Охрид. Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.…

повеќе...

Акцијашите од Охрид и Македонија дел од Игманскиот марш

Во чест на херојскиот чин на Првата пролетерска бригада која го извела за време на Народноослободителната војна, шестчлена делегација од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ и Сојузот на акцијаши на Македонија, изминативе денови учествуваше на антифашистички марш на планината Игман во близина на Сараево. „Го изодевме тој марш долг 20 километри, со цел да им оддадеме почит на хероите од пролетерската бригада, но и да изразиме револт за моменталната состојба во сите бивши републики. Да се соберат 20 илјади луѓе на едно место, значи револт за состојбите во сите републики…

повеќе...