Вечерва хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки“

Волонтерски тим на млади на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид под мотото „Во потрага по изгубените насмевки“ ќе организираат хуманитарен концерт кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 10.04.2017) со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“, а со цел средствата од продадените влезници и од донациите во собирните каси на Црвен крст Охрид ќебидат наменети за помош на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. На концертот учество ќе земат повеќе талентирани млади од Охрид, а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“…

повеќе...

Повеќе активности на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид

Во текот на изминатиот ден, МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид спроведе успешна активност со цел навремено, поквалитетно и безбедно водоснабдување, како и за избегнување на потешки дефекти во претстојната сезона. Имено, екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид извршија измивање на резервоарите „Кале“ и „Студенчишта“ и измивање на сите водоводни линии на град Охрид и оклоните населени места чии водоводи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид. Покрај ова беа санирани и заменети голем број вентили од поголеми профили и тоа: Санација на вентили на ул.Бул.Туристичка ф200мм и…

повеќе...

Се расчистуваат плажите

ЈП „Охридски Комуналец” започна со темелно расчистување на плажите на Охридското крајбрежје кои не се дадени под концесија. Во текот на денешниот ден беше расчистена Градска плажа и плажата во нас. Лагадин, каде што беа подигнати големи количини на трска, пластични шишиња и друг комунален отпад. Во наредните денови акциите ќе продолжат во Пештани и во Трпејца.

повеќе...

Генералка во Лагадин

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата Лагадин. „Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата, и се беше уредно собрано и депонирано од страна на работниците.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Во среда акција за подигнување кабаст отпад во Коњско и Елшани

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2017 год.(среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во с. Елшани и с. Коњско. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Расчистување на крајбрежјето

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” од раните утрински часови се ангажирани на расчистување на крајбрежјето во центарот на градот кај хотелот Палас. Активирана е комбинирана машина за отстранување на големи наноси на песок и муљ од кејот.

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во Пештани

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во Пештани. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ со низа активности по повод Денот на еколошката акција на младите и Светскиот ден на поезијата

По повод 21 март -Денот на еколошката акција на младите на Р.Македонија, како и Светскиот ден на поезијата, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, се организираа низа активности за учениците и вработените. „Се расчистуваше училишниот двор, уредување на училниците и кабинетите, засадување на садници, читање на поезија на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта. Активностите ќе продолжат и понатака со цел потикнување еколошка и естетска свест кај младите.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

повеќе...

Спроведена пролетна акција во ОУ „Григор Прличев“

По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата, денеска во ОУ „Григор Прличев“ се спроведе пролетна акција за чистење и уредување на училниците и училишниот двор. Во акцијата беа вклучени ученици, наставници и вработени во училишето. Беше организирано чистење, уредување и разубавување на училниците, ходниците, училишниот двор, а беа засадени и цвеќиња. WebOhrid

повеќе...

ОУТУ„Ванчо Питошески” дел од хуманитарната кампања „Едно капаче-една надеж”

ОУТУ„Ванчо Питошески”-Охрид се вклучува во хуманитарно- еколошката акција за собирање пластични капачиња „Едно капаче-една надеж”, започната од Македонската медицинска студентска асоцијација-ММСА. Собраните капачиња се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка  која ќе се донира на семејство кое има потреба од таква количка, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди. Целта е учениците да ја покажат својата хуманост и да се вклучат во акцијата.

повеќе...