Се расчистуваа патиштата во Коњско и патот кон плажите кај Рача

Акцијата за расчистување на локални патишта по налог на Комуналната инспекција продолжува. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани за расчистување на неколку улици во с. Коњско. „Беше отстранета вегетацијата од гранки од дрвја, трње и диви жбунови со цел да се овозможи подобра прегледност на возилата кои циркулираат на тој дел. Денес акцијата продолжи и во нас. Рача, на патот кој води спрема плажите (наспроти вилата „Александар”).“ – велат од претпријатието.

повеќе...

Се отстрануваат абразивните средства од улиците

Изминатиот период екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на отстранување на абразивните средства (сол и песок), кои беа фрлени во големи количини поради ладните температури и врнежите од снег. „Ангажирани се сите вработени на „Јавна хигиена” при што се започна со чистење од центарот према периферијата на градот.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Се расчистуваше улицата „Марко Цепенков“

Во текот на вчерашниот ден, но и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на зараснатите тротоари на улицата „Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение до кружното на пресекот со ул. „Момчило Јорданоски”. „Ангажирани беа четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и диви жбунови од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци.“– информираат од претпријатието. Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел…

повеќе...

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат снегот

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” вонредно се ангажирани на терен после првиот снег во оваа година. „Активирани се работници за рачно расчистување на пофреквентните тротоари и чаршијата, а од делот на механизација активиран е фап со епоха за посипување на абразивни средства, 2 трактори со соларки, 2 возила со ножеви и комбинирана машина за чистење снег.“– велат од претпријатието. Чистењето ќе продолжи и во текот на ноќните часови, со цел да се спречи замрзнување на коловозите и тротоарите низ градот.

повеќе...

Хуманитарна Бадникова акција на Ротаракт клубот од Охрид

Хуманитарна Бадникова акција на Ротаракт клубот од Охрид утре ќе се одржи на градскиот плоштад во Охрид  од 12.00 – 15.00 часот. На акцијата, на минувачите ќе им се делат сирење и греено вино, а собраните средства ќе бидат наменети за здравствениот третман на нашата сограѓанка, Јана Арсовска, на клиниката во Фленсбург – Германија.

повеќе...

Се чистеа улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. „Ангажирани беа 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.“– информираат оттаму.

повеќе...

Новогодишна хуманитарна продажна изложба на украси, креации и домашни ракотворби

Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки…

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“со активности пред претстојниот празник

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, согласно програмата за одржување на манифестации, овие денови вонредно  се ангажирани со поинтензивни активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило, информираат од претпријатието. „Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености. Се чистеше градскиот плоштад, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат…

повеќе...

Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец”, во рамките на програмата за работа каде што е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, вчера и денес беа ангажирани во с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини. Се работеше и на расчистување на Градска плажа од пластичен отпад, хартија и др. коишто беа донесени од езерото или депонирани од граѓаните. Се расчистуваше и…

повеќе...