Повеќе лекови на рецепт за граѓаните: За 80 милиони денари зголемени квотите за аптеките

Од вчера осигурениците имаат повеќе лекови на рецепт во аптеките низ целата држава. Средствата наменети за аптеките се зголемени за дополнителни 80 милиони денари за лековите на рецепт до крајот на годинава. Тоа значи од досегашни 2,46 милијарди денари, новиот буџет за лекови на рецепт за 2016 година ќе изнесува 2,55 милијарди денари. Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот одлучи да направи измени во Правилникот за квоти со воведување на линеарно зголемување и минимална загарантирана квота. Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов…

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Груевски: Владиниот проект со руралните аптеки исклучително успешен

Вкупно 66 рурални аптеки се отворени во 38 општини и со нив се опслужуваат 130.000 жители. Како што рече денеска премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето на локалниот пат во Ратае, руралните аптеки се покажаа како исклучително успешен проект на оваа Влада. „Во насока на излегување во пресрет на барањата на жителите од руралните средини, континуирано го реализираме проектот за отворање рурални аптеки, кој е од голема важност за жителите зашто, наместо да патуваат километри за да ги набават потребните лекови, сега имаат можност тоа да го…

повеќе...

За 60 дена 66 рурални населени места ќе добијат аптеки

Шеесет и шест населени места до 3.500 жители во рок од 60 дена ќе добијат аптеки или аптекарски станици, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Решенија за отворање аптеки се доделени во 37 општини, од кои секоја е застапена со едно или повеќе населени места и ќе бидат опфатени над 132.000 жители. За општините Битола, Струга и Струмица се доделени по четири решенија. По три се доделени за Гази Баба, Кичево и Ресен, за Сарај седум, по две решенија добија Велес, Гостивар, Липково, Пробиштип, Радовиш, Студеничани и…

повеќе...

Се воведуваат подвижни аптеки во места до илјада жители

Согласно последните измени на Законот за лекови и медицински помагала, се дава можност за функционирање на подвижни рурални аптеки (лековите ќе бидат доставувани со посебно возило) во места со најмногу 1.000 жители. Од оваа нова мерка директен бенефит ќе имаат над 266 илјади жители во вкупно 1.400 населени места во државата. Во таа насока Министерството за здравство ќе додели 24 лиценти за подвижни аптеки кои опфаќаат и по неколку општини со поголем број села и помали населени места. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој…

повеќе...