Низ Охрид продефилираа гардистите на АРМ и Воениот оркестар

Вчера, низ древниот Охрид дефилираа гардистите на АРМ заедно со Воениот оркестар. Граѓаните на Охрид вистински уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ на што му претходеше марш низ старата Охридска чаршија. Едночасовниот концерт на Воениот оркестар на АРМ се одржа на плоштадот кај стариот чинар, каде во одличната изведба на нумерите од страна на Воениот оркестар, имаа можност да уживаат не само големиот број на граѓани на Охрид, туку и туристите кои престојуваат во нашиот најголем туристички центар. …

повеќе...

По Струга, Воениот оркестар на АРМ вечерва гостува во Охрид

Вчера, граѓаните на Струга имаа можност да се дружат со припадниците на баталјонот за почести на АРМ и да уживаат во звуците на Воениот оркестар кој на мостот на реката Црн Дрим одржа едночасовен концерт. На концертот на Воениот оркестар му претходеше марш при што припадниците на АРМ продефилираа низ центарот на Струга.  Со особен интерс беше проследена точката на гардистите на АРМ кои ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ со која тие покажаа висока строева извежбаност во работа со пушка. Во текот на концертот, Воениот оркестар изведе повеќе нумери со разновиден…

повеќе...

Реализиран практичниот дел од меѓународната вежба „Здружен отпор 13“

Денес, 4-ти јуни, започна реализацијата на практичниот дел од меѓународната вежба „Здружен отпор 13“ . Согласно сценариото на вежбата се симулира земјотрес каде се очекува да биде демонстрирана интероперабилноста помеѓу армијата и цивилните институции од Република Македонија како и армиите на САД и земјите од регионот во справување со последиците кои произлегуваат од него како што се пожари, поплави и оштетување на инфрастрктурата. Со активностите предвидено со сценариото раководи Главниот штаб на Центарот за управување со кризи, кој ќе издава наредби на Оперативниот центар во кои партиципираат претставници од армиите…

повеќе...

Градење и размена на искуства и најдобри практики во областа на јавните набавки во одбраната

Вчера и денес(07-08.05) во Скопје се одржува работилница на тема „Аспекти и предизвици на јавните набавки во одбраната“, која се реализира од страна на Министерството за одбрана, во соработка со RACVIAC- Центар за безбедносна соработка, како и TAIEX- Инструментот за техничка помош и размена на информации – Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија. На свеченото отворање на работилницата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски, истакна дека воспоставувањето на пазарот за опрема во одбраната е од суштинско значење за зајакнување на технолошката и индустриската база во одбраната како…

повеќе...

Воениот брод саниран и вратен во каналот Студенчишта

Воениот  брод на охридската „морнарица“ кој беше на копно, после извршените санации беше повторно вратен во водите на каналот каналот Студенчишта. Бродот и покрај тоа што беше кренат со специјален кран, мораше да интервенира и „пешадијата“, која му даде правец при спуштањето во каналот. Во минатото во каналот пловеа два вакви воени бродови, но подоцна откако беа разоружани, во Охрид остана само еден. WebOhrid

повеќе...

Конференција по повод „Денот на НАТО“

Република Македонија споделува исти вредности и интереси со земјите-членки на Алијансата, а ги прифаќа и споделува принципите, целите и проценката за еволуцијата на безбедносното окружување во евроатлантската област. Истовремено, ние продолжуваме со учеството во три меѓународни операции предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во регионот и во светот. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција во Домот на АРМ, посветена на 4ти април, Денот на НАТО. Воедно министерот Џафери во своето обраќање…

повеќе...

Методско огледна вежба на баталјонот на воената полиција и одделението за крим техника при МВР

Вчера, 6-ти март 2013 година (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје се изведе методско огледна вежба на тема: „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“. Mетодско огледната вежба ја реализираше баталјонот на воената полиција во соработка со припадниците на МВР и јавното обвинителство на град Скопје.  На вежбата присуствуваа Командантот на Здружената Оперативната Команда (ЗОК) на АРМ бригаден генерал Методија Величковски, Началникот на одделот за посебни единици на МВР генерал Сашо Митевски, Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Јован Цветановски, командантот на полкот за…

повеќе...

Примопредавање на функцијата министер за одбрана

Мојата должност ќе ја извршувам со најголема одговорност и убеден сум дека ќе придонесам кон градење на армија согласно стандардите на НАТО, подготвена да се справи со предизвиците на модерното време, нагласи Талат Џафери, при денешното примопредавање на функцијата министер за одбрана од страна на досегашниот министер Фатмир Бесими. Потенцирајќи дека за него претставува голема чест и задоволство да раководи со МО се до успешното заокружување на реформите и модернизацијата на АРМ, Џафери посочи оти пред се ќе придонсе АРМ во секоја нејзина димензија ја рефлектира реалноста на нашата држава.…

повеќе...

Средба на министерот за одбрана со амбасадорите на Холандија и Турција

Министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Горанчо Котески остварија средба со Амбасадорите на Кралството Холандија и Република Турција во Република Македонија, Н.Е. Мариет Шурман и Н.Е. Ѓурол Сокменсуер. Целта на средбата беше размена на информации за претстојните активности од доменот на НАТО со досегашната и идната Контакт амбасада на НАТО за Република Македонија. Амбасадата на Кралството Холандија беше Контакт Амбасада на НАТО во периодот од 2009 до 2012 година, а од почетокот на 2013 до крајот на 2014 година улогата на нова…

повеќе...

Семинар „Вооружените сили во демократските општества“

Во период од 12-14 февруари 2013 година се одржува Семинар на тема „Вооружените сили во демократските општества“ во Центарот за обука „Д-р Џозев Крузел“ при Секторот за човечки ресурси и ќе реализира со експерти – предавачи од Центарите за развој на Лидери и цивилно образование во Штраузберг и Кобленц, Сојузна Република Германија. Оваа активност е резултат на успешната и континуирана билатералната соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Сојузна Република Германија и значајната поддршка на Амбасадата на Република Германија во Република Македонија. Семинарот има…

повеќе...