Извршено второ авионско запрашување против комарци

Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство рано утрово изврши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето започна во 05 часот, а траеше до 8:30 часот и се одвиваше на потегот од с.Подмоље до Св.Наум, како и на територијата на град Охрид, на вкупна површина од 1500 хектари. Ова запрашување беше второ авионско оваа година, а пред неколку денови беше извршено и терестичко запрашување против комарци, бели пеперутки и други инсекти. Препаратот со кој  се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.…

повеќе...

„Рајанер“ потврди – планира да лета до скопскиот аеродром

Европскиот најфреквентен нискобуџетен авиопревозник, “Рајанер” ја потврди својата намера дека планира да воспостави авиолинии кон Македонија, односно до скопскиот аеродром “Алескандар Велики”, пренесува порталот “Екс-ју Авиејшн њуз”. Оваа потврда следува откако премиерот Никола Груевски минатата недела соопшти дека владата преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот. Менаџерот за комуникации на „Рајанер“, Робин Кајли, изјави дека моментално се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние кои ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој пак воспостави…

повеќе...

Одложено авионското запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека планираното авионско прскање кое беше најавено за утре од страна на Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство се одложува поради неповолните временски услови. Запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период, за што граѓаните ќе бидат повторно информирани.

повеќе...

Во сабота авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота на 11-ти ти јули ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци се известуваат…

повеќе...

Отворени пет нови авиолинии од Скопскиот аеродром

Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ од денеска се воведени директни авиолинии кон Осло и Фридрихсхафен, дел од најавените пет нови дестинации на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ сo субвенции од македонската Влада. Првиот лет до Осло се реализираше изутрината во 6 часот, а до Фридрихсхафен попладне во 13 часот и 30 минути. Утре во 18 часот и 25 минути од „Александар Велики“ ќе замине и првиот авион на „Визер“ за новата дестинација Барселона со што Македонија првпат воздушно ќе се поврзе со Шпанија. Задутре, пак, скопскиот аеродром ќе ги отвори новите линии…

повеќе...

Стартува директната редовна авиолинија Лондон-Охрид-Лондон

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, доцна попладнево го пречека првиот лет од Лондон, со што официјално се означи отворањето на новата редовна директна линија Лондон-Охрид-Лондон во текот на летната сезона. Авионот кој пристигна од од лондонскиот аеродром „Лутон“, во туристичкиот бисер на Македонија – Охрид, донесе 133 патници. Нововостановената авио-линија е резултат на реализирањето на јавниот повик за субвенционирање што го распиша општина Охрид, а за оператор е избрана авио-компанијата WizzAir. Градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, на охридскиот аеродром ги пречека првите…

повеќе...

Нови директни авионски линии….Скопје – Барселона два пати неделно!

Нови директни авионски линии од Скопје и Охрид до седум европски метрополи со нискобуџетската „Виз ер“. Од скопскиот „Александар Велики“ нови линии до Барселона, Осло, Нинберг, Хамбург и Фридихшафен, а од Охридскиот аеродорм „Св. Апостол Павле“ до Базел и до Лондoн. Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ два пати неделно директно ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. До Базел и до Лондон исто така два пати неделно ќе се патува од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Шестте евтини авиолинии се резултат на директните владини субвенции. Охрид до…

повеќе...

Извршено авионско прскање против комарци

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство рано утрово го изврши првото авионско запрашување против комарци за оваа година, односно авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето започна во 05 часот и траеше до 8:30 часот. Истото се одвиваше на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од Подмоље до населба Св.Наум и на територијата на град Охрид. WebOhrid

повеќе...

Првите туристи од Бенелукс утре ќе пристигнат во Охрид

Проценките на „Корендон“ и на „ТУИ Аркетравел“ се дека во текот на летната сезона 2015 на охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат некаде околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и од Луксембург. Со чартер-лет од Амстердам утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да пристигне првата група туристи од државите на Бенелукс, кои летниот одмор ќе го минат на охридската ривиера. Станува збор за туристи што ќе летуваат преку аранжманите што ги нуди туроператорот „Корендон“, заедно со нивниот македонски партнер „Фибула травел“. Според најавите на домашните агенции,…

повеќе...

Груевски: Авиолиниите Охрид – Лондон и Охрид – Базел стартуваат летово

Авиолиниите од Охрид до Лондон и до Базел стартуваат летово, објави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Охрид. „Туризмот на годишно ниво со над 1 милион евра го помагаме и со субвенции за тур-операторите за привлекување странски туристи кои важат за над 15 земји од светот. Тука секако е и проектот за финансиска поддршка на евтините авиолетови со кој набрзо и Охрид ќе добие две евтини авио линии до европски метрополи. Линијата Охрид – Базел стартува летово, а во соработка со општината летово започнува и…

повеќе...