22 ноември – Ден на албанската азбука, е еден од најважните денови во историјата на албанскиот народ. На 22 ноември, 1908 година се одржа Битолскиот Конгрес, еден од најважните политички, културни, научни, јазичн и образовни настани за албанскиот народ. Денешната албанска азбука е резултат од повеќе вековна работа, процес кој траеше околу 4 векoви и заврши на 22 ноември, 1908 година со работата на Комисијата на Битолскиот Конгрес. Битолскиот Конгрес им даде крај на неколку различни ориентални и латински азбуки кои создаваа културна и образовна анархија за албанскиот народ. Од…
повеќе...Tag: азбука
Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на албанската азбука
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука упати честитка која интегрално ја пренесуваме. „Почитувани сограѓани, 22 Ноември го одбележуваме како ден на кој е усвоено современото и единствено албанско писмо. На конгресот во Битола одржан во далечната 1908 година е унифицирана и e усвоена азбуката која денеска се користи како единствено писмо на сите Албанци. Албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и културно богатство на Република Македонија. Негувајќи ја културната и етничка разноликост го осознаваме значењето на писмото…
повеќе...Честитка од Груевски по повод Денот на албанската азбука
Премиерот и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, припадници на албанската етничка заедница во Република Македонија, Дозволете ми, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам празникот 22 Ноември – Денот на албанската азбука. Унифицирањето и создавањето на модерна азбука преставува значаен чекор кон писмениот и културен развој. Тоа е и клучот за развој и растеж во сите…
повеќе...Претседателот Иванов со честитка по повод Денот на aлбанската азбука
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Одбележувајќи го Денот на албанската азбука во Република Македонија ја потврдуваме определбата за негување на нашето мултиетничко општество и почитувањето на етничките и културни различности. Прославувањето на 22-ри Ноември значи негување на културните вредности и особености на албанската етничка заедница во Република Македонија. Почитувајќи, зацврстувајќи и унапредувајќи ги меѓусебните односи ние придонесуваме во градењето на заеднички соживот. Богатството на еден народ…
повеќе...Во ОУ „Братство Единство“ утре ќе се одбележи Денот на албанската aзбука
По повод Денот на албанската азбука 22-ри ноември, во Основното училиште „Братство Единство“- Охрид ќе се одржи кратка програма со неколку точки за одбележување на денот. Програмата ќе се одржи утре, 21-ри ноември со почеток во 9.45 минути во зградата Лескајца. „Прво ќе настапи училишниот хор со Песна за азбуката -(Kenga e alfabetit), поздравен збор ќе има директорот, Реферат за денот на азбуката, како гости ќе бидат ученици од петто одделение од македонските паралелки -песна за азбуката, како гости четвртите одделениа од турските паралелки песничка за азбуката, рецитал за азбуката-деветто одделение,…
повеќе...