Бадникова литија по трет пат во Охрид

Околу 250 деца ќе бидат дел од утрешната бадникова литија што по повод големиот христијански празник Божиќ трета година по ред се одржува во Охрид. Со торбички за дарови, фенерчиња, ѕвончиња и ѕвезди во рака децата на симболички начин ќе го навестат Христовото раѓање. Поворкатa тргнува во 10 часот од пред храмот „Св. Георги“ – Горна Влашка мала и ќе се движи по улиците „Питу Гули“, „Јане Сандански“ и продолжува до градскиот плоштад. Точно напладне непосредно до Бадниковата пештера на Плоштадот, децата ќе бидат пречекани од претставници на локалната самоуправа…

повеќе...

Бадник неработен ден за православните, Божиќ за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2016 година (среда), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед. Исто така, Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 7 јануари 2016 година (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за…

повеќе...

Најмладите коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус

Рано утрово, најмладите коледарчиња први го навестија раѓањето на Исус Исус Христос и го означија денешниот празник Бадник. Се посетува секој дом, се тропка со чеканче и се пее традиционалната коледарска песна:  „Коледе, леде! паднало греде, утепало деде. Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца гускини, паткини, шаткини! О. О. коледе!“ Откако ќе ја испеат песната, домаќините на коледарчињата им даваат костени, јаболка, ореви, бонбони и пари. Бадник е празник кој традиционално се прославува во кругот на семејството. Освен коледарчињата, денешниот ден го означува и кршењето на лепче со…

повеќе...

Вечерва ќе горат бадникарски огнови

Како и секоја година, по повод утрешното празнување на Бадник, верниците во сите населени места вечерва палат бадникарски дрва. Стара македонска традиција, Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни и ора, со желби за здравје и бериќет.

повеќе...

Бадник неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6-ти јануари 2015 година (вторник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

повеќе...