Од 15 мај почнува воведувањето на електронски рецепт во здравствениот систем, прво како пилот-проект, а од почетокот на јуни ќе се спроведува на цела територија на Македонија. Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени…
повеќе...Tag: болница
Првпат во Македонија извршени првите шест неонатални кардиохируршки интервенции
Првите шест неонатални кардиохируршки интервенции се извршени од 26 до 29 март на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Првпат во историјата на Македонија се изведени вакви кардиохируршки интервенции во јавното здравство и воопшто во македонското здравство. Интервенциите се изведени под водство на тим на Меѓународната фондација на детско срце со седиште во САД, предводен од светски познатиот хирург Вилијам Новик, а во нив беа вклучени и детски хирурзи, анестезиолози, педијатри и медицински сестри од универзитетските клиники. Во наредните седум дена ќе бидат извршени уште шест неонатални кардиохируршки интервенции. Премиерот…
повеќе...Бакрачески: Без разлика на оваа политичка кампања, останувам посветен на професијата
„Се наоѓаме на местото каде што на директен и непосреден начин во текот на изминатите 6 и пол години откако е отворен одделот за интервентна кардиологија беа спасени животите на илјадници, илјадници граѓани не само од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Ресен, Дебар, туку и на граѓаните на поширокиот регион на целатата република и од граѓаните на соседните градови на Албанија“. – изјави кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“ д-р Никола Бакрачески во Заводот за Кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Бакрачески упати јасна и недвосмислена порака до сите негови пациенти,…
повеќе...