Промени кои произлегуваат од приклучувањето на Србија кон конвенцијата за заеднички транзит (КЗТ)

Поради приклучувањето на Република Србија кон КЗТ, при изготвувањето на транзитните декларации во појдовна царинска испостава во Република Македонија, за возила кои ќе транзитираат низ Република Србија, како транзитна испостава потребно е да се внесе ЦИ Прешево (царинска испоставa на Република Србија со код RS015172). Досегашниот начин на работа (внесот на ЦИ Табановце автопат МК002031) беше неопходен поради прекин на подрачјето на кое важи КЗТ, може да биде напуштен затоа што Република Србија од 01.02.2016 година ќе стане полноправен член на Конвенцијата за зaеднички транзит. За полесна работа во прилог…

повеќе...

Старт на твининг проект за „Зајакнување на правата од интелектуална сопственост“

Денес во ЕУ Инфо-центарот во Скопје се одржа промотивен настан за одбележување на стартот на проектот за „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“, кој ќе се реализира во текот на следните 19 месеци од страна на данската канцеларија за патенти и трговски марки, во соработка со Царинската управа и Државниот завод за индустриска сопственост. Проектот е финансиран од Европската Унија со буџет од скоро 1,4 милиони евра. Целта на овој ЕУ твининг проект е да се обезбеди натамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, зајакнување на…

повеќе...

Избрани најдобрите цариници и царински испостави за втората половина од 2015

Врз основа на Законот за Царинска управа и Упатството за мерење на успешноста на стоковите и граничните царински испостави, директорот на Царинската управа секои шест месеци донесува одлука за избор на најдобри цариници и најдобра гранична и внатрешна царинска испостава. За периодот јули-декември 2015 година, најуспешни царински службеници се Кире Витанов од царинска испостава Гевгелија и Биљана Наковска од царинска испостава Табановце автопат– отсек за патнички промет. Изборот на најуспешни царински службеници е извршен врз основа на критериумите: број на обработени документи и резултати од откривачките дејности. За најдобра гранична…

повеќе...

На 10 цариници доделени пофалници од генералниот секретар на СЦО

По повод 26 јануари – Меѓународниот ден на Царината кој годинава се одбележува под мотото Дигитална Царина: Прогресивен ангажман со цел да се истакне развојот на царинските служби на полето на информациско-комуникациските технологии и да се стави акцент на иновациите кои се застапени во доменот на царинското работење, како дел од глобалниот информатички развој, денес (26.01.2016 година) директорката на Царинската управа Радеска Крстевска на десет царински службеници им додели пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија за нивниот исклучителен ангажман на полето на имплементацијата на ИТ системи…

повеќе...

Запленети гасни пиштоли, ловечка муниција, цигари, облека, накит и техничка стока

Минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани гасни пиптоли и ловечка муниција, цигари, облека, тахничка стока и изолационен материјал. Гасни пиштолии ловечка муниција – 2 гасни пиштоли марка ES EKOL Jackal Dual Compact и 6 чаури за гасен пиштол марка Pobjeda 9 mm, откриени при контрола на швајцарски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Пиштолите и чаурите се пронајдени во кеса сместена во просторот за резервна гума на возилото и истите се привремено задржани.…

повеќе...

Откриени царински измами и запленети возила со бункер, девизи, тутун, цигари друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани две возила со бункер за криумчарење стока, девизи, алуминиумски бандажи, тутун, цигари, ловечка пушка со муниција, облека, играчки и пластични рачки за садови за храна. Задржана е следната стока: Возила со специјално изработен бункер за криумчарење стока Царинските службеници на граничниот премин Блаце открија две товарни возила – комбиња со специјално изработени бункери за криумчарење на стока. Во едниот од нив се пронајдени 180 парфеми. Во првиот случај, на царинската…

повеќе...

Откриени царински измами и запленети девизи, возило со бункер, лекови, огномети, цигари и фалсификати

За време на новогодишните и божиќните празници, царинските службеници открија два случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење. Притоа, привремено се задржани девизи, возило со бункер за криумчарење, автоделови, лекови, средства за лична хигиена, масла од разни билки, чаеви, огномети, цигари, облека и фалсификати и др. Измами На царинските испостави Скопје 1 и Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење се откриени по еден обид за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока. Во првиот случај, фирма-увозник од Скопје за увозно царинење на царинската испостава Аеродром…

повеќе...

Измена на Царински давачки во рамки на квота

Од Царинската управа на Република Македонија информираат за промена на царински давачки во рамки на квота за прв квартал 2016 година. „Поради целосно искористување на количините на квоти предвидени за првото тромесечие од 2016 година за Европска унија има промена на царинските давачки во рамки на квота за стоките кои се распоредуваат во тарифните броеви 0203 и 040690. Именопочнувајќи од 05.01.2015 година царинските давачки (царинска стапка и специфични давачки) во рамки на квота за сите погоренведени тарифни броеви изнесуваат 70% од МФН.“- информираат од Царината. Оттаму информираат и за промена…

повеќе...

Известување до корисниците на EXIM системот

Од Царинската управа информираат дека EXIM системот дава можност економските оператори – корисници на системот, да вршат преземање и складирање, на локална машина, друга локација за складирање или медиум определен од економскиот оператор, на xml – фајлови, потпишани со дигитален сертификат, на: – поднесеното барање за дозвола, со прилозите кон барањето (во форматот во кој се поднесени), – измените на барањето, – останатите промени/валидации на барањето од страна на органот, – одобрено барањето за дозвола и – дозволи на кои е евидентирана искористеноста од страна на Царинската управа. Оваа надградба…

повеќе...

Запленти фалсификати, девизи, лекови, делови за индустриски машини, камп-приколка, петарди и кученца

Изминатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани фалсификати, девизи, ехо-апарат, лекови, делови за индустриски машини, делови за мобилни телефони, камп приколка, автоделови, пиротехнички производи, воздушен пиштол, кученца, балони, облека и салфети. Задржана е следната стока: Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектулна сопственост – 2.280 литри средства за чистење и 2.000 топчести лагери со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на стока пријавена за увозно царинење на царинската испостава Гевгелија. Во првиот случај, при…

повеќе...