Спречен обид за шверц на 2,7 килограми марихуана на ГП Ќафасан, откриена измама

На 9 октомври 2016 година на граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола, царинските работници спречија обид за шверц на наркотично средство – марихуана. На наведениот датум, во 16 часот и 30 минути, за влез во Република Македонија се пријави македонски државјанин со иницијали Е.М. (43г.) со патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, сопственост на наведеното лице. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за…

повеќе...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Блато

Вчера (28.09.2016 година) царинските службеници спречија шверц на 12 килограми марихуана на ГП Блато. Имено, на ден 28.09.2016 година околу 13:40 часот, на граничниот премин Блато за влез во Република Македонија се пријавил З.Л.(33) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Mercedes“ со албански регистарски ознаки, кој на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за детален преглед. При вршење на контролата на возилото царинскиот службеник приметил…

повеќе...

Запленета дрога, лекови, девизи, бои за тетовирање, ловечка пушка, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија два обиди за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови, бои за тетовирање, лепила, транспортни ремени, контактори, украси за огради, облека, ловечка пушка и муниција и фалсификати. Задржана е следната стока: Лекови и бои за тетовирање – 2097 парчиња KAMAGRAOralJelly (гел) 100 mg, откриени при контрола на српски автобус управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на царинската испостава Блаце – отсек за патнички промет. Непријавените лекови, за кои е потребно…

повеќе...

Одржан состанок со генералниот директор на Селек

Вчера во просториите на Царинска управа се одржа работен состанок помеѓу претставници од Царинската управа и генералниот директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски. Југо-источниот европски центар за спроведување на законот (SELEC), претставува меѓународно тело за борба со криминалот и центар за регионална соработка на полицииите и царините од 12 балкански држави (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), а за прв пат од своето постоење има генерален директор од Република Македонија. На состанокот се дискутираше за продлабочување на соработката во…

повеќе...

Запленета дрога, девизи, риба, школски прибор и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење дрога и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, делови за товарни возила, свежа риба, школски прибор и делови за водоводни инсталации и бањи. Задржана е следната стока: Марихуана На скопскиот аеродром Александар Велики е спречен обид за криумчарење марихуана. При контрола на багажот на француски државјанин кој допатувал со лет од Рим, во рачна ташна била пронајдена една рачно завиткана цигара наполнета со непозната тревкаста материја со кафеава боја, а во…

повеќе...

Полагање на поправен испит за лиценциран застапник

Царинската управа на Република Македонија организира спроведување на поправен испит за лиценциран застапник за кандидатите кои неуспешно го положија целиот, односно дел од стручниот испит. Предвиден датум за повторно полагање на целиот стручен испит е 12.10.2016 година. Предвиден датум за полагање на поправен испит (студија на случаи) е 01.11.2016 година. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат Пријава за повторно полагање на стручен испит и соодветно платен надоместок до 23.09.2016 година. Часот на одржување на испитите дополнително ќе биде објавен на веб страницата на Царинската управа. Прилог: Пријава за повторно полагање…

повеќе...

Билатерална средба помеѓу царинските служби на Македонија и Косово

Денес во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу делгации на Царинските управи на Република Македонија и Република Косово. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово за соработка и взаемна помош за царинските работи. Теми на дискусија на состанокот беа: – унапредување на електронската размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји; – унапредување на соработката помеѓу царинските службеници на…

повеќе...

Спречен шверц на злато и платина

Царинските службеници од граничен премин Богородица вчера, 13.09.2016 година запленија речиси 1 килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во парчиња, со вредност од околу 38 илјади евра. Вчера изутрина (13.09.2016 год.), околу 08:15 часот на излез од Македонија на граничниот премин Богородица, се пријавило лице со германско државјанство управувајќи патничкото моторно возило со германски регистарски ознаки, во придружба на еден сопатник. И покрај тоа што на прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола возачот одговорил негативно, возилото било селектирано за преглед. При…

повеќе...

Известување – променет образец за поднесување барање за потврда за централен регистар

Се известуваат сите правни и физички лица дека за издавање на потврда согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва, почнуваќи од 01.09.2016 година, до Царинската управа треба да достават ново изменето Барање кое е објавено на веб страната на Царинската управа (во продолжение). Истото треба да биде пополнето точно, читливо и целосно. Кон Барањето за издавање на потврда дека лицето нема доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки во редовна царинска постапка и во постапка на дополнителна пресметка на давачки, треба да се…

повеќе...

Запленета техничка стока, влекач, автоделови, алкохол, облека, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани технички производи, влекач, автоделови, алкохолни пијалоци, облека, етикети, таблети за апарати за кафе и фалсификати. Задржана е следната стока: Техничка стока – 32 LED рефлектори (Diodor Fluter и Tresol Bloc), 3 звучници Visaton TL-8 и 2 комплети со по 60 LED сијалички, откриени на скопскиот аеродром Алкесандар Велики, при контрола на патниот куфер на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Белград. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена…

повеќе...