Запленети 243 килограми режан тутун

На 8 јули 2016 година на патниот правец Скопје – Куманово при вршење на внатрешна контрола, инспекторите од Одделението за истраги на Царинска управа, се обидоа да стопираат комбе со скопски регистарски ознаки, но возачот на комбето не застанал и се дал во бегство. Веднаш потоа, комбето било присилно стопирано и под придружба на царинските инспектори испратено на детален преглед во магацинот на Царинската испостава Куманово. При извршениот детален преглед во комбето, помеѓу останатата стока беа пронајдени и 12 картонски кутии режан тутун тип Вирџинија за кои сопственикот не поседувал…

повеќе...

Откриена измама и запленети девизи, облека, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, влекач со полуприколка, облека, храна за птици и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 2,37 милиони српски динари, откриени при контрола на српски автомобил и личен претрес на возачот, српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во фиоката за документи, во фабричка преграда помеѓу предните седишта и во рачна торбичка на возачот биле пронајдени вкупно 3,57 милиони динари од кои согласно законските…

повеќе...

Корисни информации за патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Македонија

Царинската управа на Република Македонија, во период на летни одмори и голема фреквенција на патници на граничните премини, на повеќе начини ги информира патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски, со цел овозможување на брза, безбедна и лесна царинска контрола. Во таа насока, изработени се информативни брошури на македонски и англиски јазик со корисни податоци за важечката царинска регулатива за патнички промет, односно за дозволените количини за внесување или изнесување на тутунски и алкохолни производи, парфеми, предмети за лична употреба, лекови, миленичиња, оружје…

повеќе...

Откриена измама и запленети автоделови, гумен чамец, облека, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани автоделови, гумен чамец, облека, обувки, маски, фолии и држачи за мобилни телефони, GPS уреди, додатоци на исхраната и фалсификати. Задржана е следната стока: Автоделови и гумен чамец -3 употребувани делови за моторцикл и 1 гумен чамец, откриени при контрола на две патнички возила, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, во багажниот простор на италијански автомобил, покриени со торби, кесиња…

повеќе...

Зголемување на стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутунот за пушење

Согласно одредбите од Законот за акцизите од 1 јули 2016 година стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемуваат. Од 1 јули 2016 година акцизата за цигари ќе изнесува 1,853 денари по парче цигара. Ако комбинирана акциза е под износот од 2,053 денари по парче се применува акциза од 2,053 денари по парче. Акцизата на тутун за пушење како фино сецкан тутун ќе изнесува 1.650,00 денари по килограм. Во врска со овие измени, производителите и увозниците на тутунски добра треба:…

повеќе...

Запленети златни монети, девизи, автоделови, техничка стока, облека, козметика и модни додатоци

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златни монети, девизи, автоделови, електромотори за ролетни, ултразвучен скенер, облека, козметички производи, очила за сонце и фалсификати. Задржана е следната стока: Златници – 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој патувајќи со македонски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Струга, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во преден џеб од панталоните на патникот, замотани во црн женски чорап,…

повеќе...

Акредитиран комуникациско – информатички систем на Царинската управа на РМ

По успешното завршување на процесот за безбедносна акредитација на комуникациско – информатичкиот систем на Царинската управа за класифицирани информации, денес 24 јуни 2016 на Царинската управа на РМ и беше доделен Сертификат за безбедност од страна на претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со ова Царинската управа се здоби со единствен акредитиран комуникациско -информатички систем кој се користи за создавање и обработка на класифицирани информации.

повеќе...

Делегација на генералната царинска администрација на Кина во посета на ЦУРМ

Денес во Скопје се одржа билатерална средба помеѓу Царинските управи на Република Македонија и Народна Република Кина. Состанокот на делегациите предводени од Лу Бин, заменик министер на кинеската царина и директорот Наташа Радеска Крстевска се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете царински служби, воспоставена во рамки на Рамковниот договор за соработка во олеснувањето на царинењето помеѓу Царинските служби на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, потпишан во декември 2014 година. На состанокот се дискутираше за имплементацијата и постигнатите резултати од Рамковниот договор за соработка во олеснување на царинењето…

повеќе...

Делегација на Царинската управа на конференција за SEED – систем за електронска размена на податоци

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, денес (22 јуни 2016 година) во Трст, Италија, учествуваше на финална конференција за Системот за електронска размена на податоци (SEED Maintenance II Project), на која присуствуваа генералните директори и високи претставници од Царинските управи од регионот и релевантни претставници на Европската Комисија. Проектот SEED Mainteinance II project, финансиран од Европската Комисија и предводен од Царинската Администрација на Република Италија завршува на 15 Јули 2016 година. Апликацијата за системска размена на податоци е наменета за размена на податоци…

повеќе...

Билатерална средба помеѓу царинските администрации на Македонија и Албанија

На 16.06.2016 година во Поградец, Република Албанија се одржа билатерална средба помеѓу Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија за взаемна помош и соработка помеѓу царинските органи. Теми на дискусија на состанокот беа: – унапредување на електронската размена на царински податоци со цел спречување на царински измами во двете земји; – унапредување на соработката помеѓу…

повеќе...