Царинската Управа на Република Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на 17 февруари 2016 година, потпишаа Меморандум за соработка како резултат на добрата долгогодишна соработка. Главните цели на Меморандумот се однесуваат на организирање на обуки за бизнис заедницата како и согледување на потребата и темите за нивна реализација. Царинската Управа и Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија партнерски ќе работат на спроведување анализи и обуки за потребите на претставниците на бизнис заедницата и на други целни групи за нивно континуирано стручно усовршување, како и на подготовка на програми…
повеќе...Tag: царина
На скопскиот аеродром пронајдени 4,5 кг хероин во дупло дно на куфер
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера спречија обид за криумчарење на 4,5 килограми хероин. Околу 20:00 часот, по пристигнување на летот од Истанбул, царинските службеници селектираа за детален преглед турски државјанин со иницијали Р.Ј. (39) заради невообичаената тежина на неговиот куфер и вознемиреноста. При деталната контрола на куферот, забележано е дупло дно, изработено од пластичен дел од друг куфер. По одлепување на преградниот дел, во внатрешноста е забележана салотејп трака со кафена боја, одозгора посипана со мелено кафе. Откако траката е отстранета, царинските службеници пронајдоа проѕирна најлонска…
повеќе...Откриени масло од хашиш семки од cannabis, запленети девизи, цигари, облека, обувки, алат и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење на масло од хашиш и семки од cannabis, и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, цигари, облека, обувки, постелнина, автоделови, делови од алат, електронски компоненти и фалсификати. Масло од хашиш и семки од cannabis – 50 ml масло од хашиш и 10 семки од марихуана, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на српски државјанин кој допатувал со лет од Барселона. Во несесер со средства за лична хигиена, сместен…
повеќе...Запленети 1,7 тони режан тутун
Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа викендов спречија обид за пуштање во слободен промет на 1,7 тони режан тутун наменет за „црниот пазар” за кој не биле платени законски пропишаните давачки. При контрола од страна на царински инспектори, извршена на 13.02.2016 година околу 18:40 часот на скопската обиколница, кај клучката за излез кон населбата Радишани сопрено е комбе марка Мерцедес Бенз 220 со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали Ш. А. од село Брест, општина Чучер Сандево. При детален преглед, во товарниот простор на возилото…
повеќе...Донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите
По предлог на Министерството за финансии, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на ден 08.02.2016 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите. Овој закон е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 23 од 10.02.2016 година и истиот ќе стапи на сила на ден 18.02.2016 година. Најважни измени кои се извршени со овој закон, според датум на примена, се следниве: Измени кои се применуваат од 18.02.2016 – Со дополнувањето на Законот за акцизите со нови членови 38-а и 38-б се воведува нова категорија…
повеќе...Царинската управа со презентации во средните училишта за борбата против наркотрговијата
Вчера, Царинската управа повторно започна со презентации за подигање на јавната свест за последиците од неовластено производство, трговија, транспорт и конзумирање на дрога, чија целна публика се ученици од средните училишта во државата. Стручни лица од Царинската управа одржаа предавање пред учениците од средното училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“. „Царинската управа за првпат одржа вакви презентации во февруари 2014 година, кога беа посетени 7 средни училишта во Република Македонија (Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово и Битола). Презентациите под слоганот „Остани чист не биди –муле“ вклучуваат едукативен дел каде учениците се…
повеќе...Откриени царински измами, запленети девизи, оружје, техничка стока, облека, храна, цигари и фалсификати
Минатата недела, царинските службеници открија три случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, орижје, техничка стока, храна и облека, цигари, фалсификати и друго. Царински измами Минатата недела откриени се три обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки, од кои два обиди за погрешно декларирање на потеклото на стоката и еден обид за погрешно распоредување на стока во царинската тарифа. Во првиот случај, во царинската испостава Скопје 3, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење разни електрични делови и опрема од испраќач…
повеќе...Поднесени кривични пријави од Царинската управа во јануари 2016 година
Постапувајќи по констатираните неправилности, во јануари 2016 година Царинската управа поднесе 7 кривични пријави против 3 правни и 11 физички лица. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „Криумчарење“. Даночно затајување Две кривични пријави против две правни и три физички лица се поднесени за сторено кривично дело даночно затајување. Во двата случаи, третопријавеното лице организирало увоз на тутун…
повеќе...Откриени царински измами и запленети девизи, тутун, фалсификати и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија две царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, тутун, работна облека, рачни часовници, рачен алат, фен и пегла за коса, PXD пирамиди и биотерапевтски плочи и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 10.500 евра откриени при контрола на германски автомобил и личен претрес на возачот, македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. 12.500 евра се пронајдени во паричник покрај седиштето на возачот и во внатрешен џеб од неговата јакна, за…
повеќе...Откриени неправилности поврзани со трговија со акцизна стока
На 27ми и 28ми јануари повеќе тимови на царинарница Битола извршија контрола на продажбата на акцизна стока во 41 трговско друштво на територијата на општините Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар. Неправилности се откриени во седум угостителски и два малопродажни објекти при што се одземени: – 158,4 литри домашна ракија, – 2,3 литри странска ракија – 3,2 литри узо – 0,7 литри коњак – 71 кутии цигари од (Лорд и Аура). Утврдено е дека алкохолните пијалаци и цигарите не биле означени со контролни марки – бандероли и иако се нуделе…
повеќе...