Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „даночно затајување“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против К.Ш. (58) од струшкото село Ложани како и против Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги „Шуми 81“ што стопанисувало со хотелот „Бисер“-Струга. Во текот на 2016 година, пријавениот К.Ш. како управител на ДООЕЛ „Шуми 81“, за извршените услуги за свадби, крштевки и други свечености во хотелот „Бисер“, не изготвувал соодветни фактури и не издавал фискални сметки и не ги регистрирал во книговодството на фирмата.…
повеќе...Tag: данок
Груевски: Македонија е лидер во светот по најниска даночна стапка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потенцираше дека поддршката за компаниите дава резултати. „Силниот економски раст е директно поврзан и со поддршката за домашната економија, на македонските компании и со креирање на мерки кои се во насока на поддршка на домашните компании, во поддршка на инвестициите на домашните компании, на отворањето на нови работни места. Поддршката за компаниите дава резултати. Значајна поддршка посебно во изминатиот период беше намалувањето на даноците и царинските давачки, како и останатите сегменти поврзани со регистрацијата и правењето бизнис, што впрочем е евидентирано и во извештаите на…
повеќе...Измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.116 од 09.07.2015 година и бр.129 од 31.07.2015 година) пропишани се следните измени и дополнувања: Измени во законските одредби со кои се регулира даночниот третман на капиталните добивки од продажба на недвижен имот Дефинирање на поимот „продажна цена на недвижниот имот“. Дефинирање на поимот „набавна цена на недвижниот имот во случај кога недвижниот имот даночниот обврзник сам го изградил“. Целосно оданочување на капиталната добивка остварена од продажба на недвижен имот, освен капиталната добивка…
повеќе...Данок можете да пријавите и во понеделник
Бидејќи последниот рок паѓа во недела (неработен ден), од УЈП потсетуваат дека согласно законот Годишната даночна пријава ќе може да се поднесе и на 16-ти март, (понеделник), како прв работен ден. Според последните податоци, 330.737 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, од кои 1.575 ја искорија можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси https://etax-fl.ujp.gov.mk. И покрај големиот број на Годишни даночни пријави кои изминатите неколку дена се поднесуваат до УЈП (од 40 до 50 илјади пријави дневно), не…
повеќе...Новости во законот за данокот на додадена вредност
Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12/14 и бр.46/2014), објавени се следните Правилници: Правилник за содржината и начинот на водење на евиденцијата за прометите на инвестициско злато – во кој се пропишани обврските за водење на евиденција за даночните обврзници кои вршат промет со инвестициско злато (преземи тука); Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (преземи тука); Правилник за формата и содржината на Извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои…
повеќе...Можност за поднесување на ддв-пријави до понеделник- 27 јануари
Рокот за поднесување на ДДВ-пријавите е 25 јануари, а бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), од УЈП потсетуваат дека согласно законот даночните обврзници своите ДДВ-пријави ќе можат да ги поднесат и на 27 јануари 2014 година (понеделник), како прв работен ден.
повеќе...Самооданочување и електронско поднесување на биланси за трговците поединци и самостојните вршители на дејност
Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 187/13), се воведуваат следните новини за трговците поединци и самостојните вршители на дејност (нотари, адвокати, стоматолози, занаетчии, сметководители, уметници и др.): Самооданочување за персоналниот данок на доход, односно аконтацијата на персоналниот данок се плаќа до 15-ти во тековниот за претходниот месец, во износ од 1/12 (една дванаесттина) од пресметаниот данок во Годишниот даночен биланс (ПДД-ДБ). Напомена: Аконтацијата на персоналниот данок за месец јануари 2014…
повеќе...Нови рокови и електронско поднесување на годишните извештаи за персонален данок за 2013
Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 187/13), економските субјекти имаат обврска годишните извештаи – образец ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД/ГИ-ЗП задолжително да ги поднесуваат по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 јануари 2014 година. Годишен извештај за исплатените приходи во 2013 (ПДД-ГИ) Eкономските субјекти (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои во изминатата 2013 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk да…
повеќе...Фирмите да се прилагодат за електронско пријавување на даноци
Согласно Предлог измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, кој е во завршна фаза во собраниска процедура, во член 53 став 13 се предвидува нова законска обврска со која даночните обврзници задолжително ќе ги доставуваат даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи. Од таа причина, УЈП препорачува да се користат придобивките од електронската комуникација и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци. Што е потребно за да се регистрирате на…
повеќе...УЈП: Земјоделците да поднесат барања за паушално оданочување до 31 декември
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање. Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и ви овозможува да го плаќате персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги. Што треба да направите за паушално да го плаќате данокот на приходите од земјоделска…
повеќе...